Груевски им ја расипа шестгодишната медитација на властите

t

Поранешниот премиер Никола Груевски им ја расипа шестгодишната медитација на актуелните власти.

Во објава на Фејсбук тој коментира што сработиле, односно не сработиле СДСМ откако се власт во државава.

Во продолжение објавата на Груевски на Фејсбук:

Шест години медитација

Никој не излезе да објасни зошто шест години беше стопирана градбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка за која во 2016 година светската банка го одобри финасирањето и обезбеди пари на барање на Владата во процедура почната повеќе од две години претходно, во изработка на проект во сите фази.

Речиси шест години не се објави јавен повик за изведувач – градежна фирма, бидејќи во пред и по изборниот период до формирање нова влада во мај 2017 година , законски тоа не е дозволено, а потоа со новата власт предводена од СДСМ следува една долга убив дрвена “медитација на јога мајсторите” еве веќе шест години.

Но, на завршен основен и главен проект за експресен пат со четири ленти и целосно обезбедени пари за негово комплетно финансирање, да ја кочиш почетокот на градбата шест години треба да има некакво образложение.

Ако пак идејата била да покажат слика/перцепција дека се почнува од нив, тоа не само што е глупаво затоа што е на штета на оние чии гласови и доверба ја бараат на избори, туку и е невозможно бидејки и да заборавил дел од народот, медиумите, партиите, политичарите итн ќе потсетат и ќе го вратат сеќавањето.

Од каде е таа потреба за лажно преставување?

Попусто загубено време.

Ако е пак неспособност и ако навистина шест години им требало да го објават тендерот кој претходно го одобрува светската банка за да почне градбата, тогаш… немам коментар.

Се надевам не е комбинација од двете…

Во тој проект се предвидуваше и проширување со една лента плус на двете страни на црните точки на доста тешкиот терен и пат од 14 километри Крива Паланка-граница со Република Бугарија.

Можам да замислам како во себе си се смеат оние од светка банка гледајќи ја динамиката и “брзината” на работа на оваа влада…

Оној експресниот пат со четири ленти Градско-Прилеп кого пола го бевме завршиле уште во мај 2017 година, уште неможат да го изградат. Шест години се на власт.

И таму да не е промашена трасата?

Експресниот пат со четири ленти Штип -Кочани кој исто така го бевме почнале да го градиме делови завршија и се пофалија неодмана, другиот дел уште не е завршен. За еден месец ја почнуваат седмара година владеење.

Експресниот пат Кичево – Дебар исто така го снема од плановите на владата предводена од СДСМ цели шест години.

За ист таков комплетно нов експресен пат со четири ленти подготвивме и има комплетно готов проект на потегот Охрид-Пештани, кој во лето е преоптеретен и огромните колони возила се движат со брзина на пешачење во делови од денот.

Тогаш за да го одложат градењето и да ја намалат перцепцијата на граѓаните дека владата гради со “турбо динамика”, ни пуштија некои од блиските ним невладини организации да праќаат писма до Светската банка да не брза со финасирање бидејки некои птици кои летале од Африка до северниот пол, тука баш на некој потег каде требаше да минува комплетно новиот експресен пат еднаш или двапати годишно правеле куса пауза, па постоењето на патот патот ќе ги вознемирувал при почивката.

Еве сега се шест години на власт, нема кој да им прави опструкции, нека го почнат и тој експресен пат за кој градежно-архитектонски проект е целосно завршен, светската банка беше тргнала да го одобрува, но го пресретнаа на тема која е многу чувствителна во таа институција.

Па барем некој аир да има што дошле на власт, во смисла дека нема сами себе да се кочат и прават опструкции.

Во спротивно и понатаму возачите од и до плажите на охридското езеро во време на сезоната уште долго ќе гледаат во чавките и ќе се нервираат додека со саати неможат да поминат пат кој вообичаено се поминува за околу десетина минути.

За патот Скопје – Сопиште преку Водно, комплетно градежно завршен уште во мај 2017, нема пак да прашувам зошто цели шест години не дозволуваат да почне да се користи? Незнам дали е нечии личен хир или комплекс на пониска вредност, но ако не сакаат да се споменува во чие време е граден, нека го пуштат тивко и без било какви церемонии, но нека не го малтретираат народот кому му треба тој пат!

И да, експресните патишта исто како и автопатиштата уште тогаш добија и имиња со одлука на влада објавена во Службен весник. Така автопатот кон Штип е именуван како Гоце Делчев, а оној од Кичево до Охрид кој го оставивме на 50% завршени градежни работи и обезбедени пари за завршување на целиот, сега по 6 години владеење на актуелниве е 56% изграден, се именува како Мајка Тереза, исто како и обиколницата околу Скопје.

Експресниот пат Градско-Прилеп е именуван и го носи името на Методија Андонов Ченто, итн, а истиот од Ранковце до Крива Паланка се именува како ВМРО, носејќи го името на славната револуционерна организација која 41 година се бореше за ослободување на Македонија во нејзините геогравски и етнички граници.

Но, овие неможат да ги завршат,а за табли со имињата на истите и да не очекуваме, како што нема на оддамна готовиот автопат Штип-Скопје.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…