Груевски му посака брзо опоравување на Доналд Трамп: „Светот полуде…“
Светот полуде… – пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски како коментар на обидот за атентат на Доналд Трамп.
– Во изборна кампања со голема напнатост и радикална поларизација на гласачкото тело на американската политичка сцена, каде тензијата расте подолг период, беше извршен обид за атентат, за среќа неуспешен, врз поранешниот претседател, и кандидат за иден претседател на најмоќната држава во светот – САД – Доналд Трамп.
Во време на многу воени конфликти во светот, и секојдневно многу човечки жртви во нив, од кои два, а особено еден голем конфликт веќе го доносе човештвото на раб на трета светска војна и на раб на нуклеарен конфликт, се случуваат драматично настани насекаде.
Секое минато време е историја, но се чини последните две години се години на крупни историски збиднувања кои не запираат и земаат замав кој застрашува.
Војните и атентатите на политичарите не се нешто што било само во минатото.
Во јули 2022 година, пред две години, беше убиен со пукање од зад грб Премиерот на Јапонија Шинзо Абе.
Пред два месеци беше тешко ранет со четири куршуми и за среќа преживеа атентат Премиерот на Словачка Роберт Фицо.
Сега милиметри го делеа Трамп од сигурна смрт од напаѓач кој пукаше во него.
Војните и атентатите на водачите на државите не се случуваат само во земји со воени хунти или земји со не демократски режими, туку и во држави со демократија и слободни избори.
Секојдневно слушаме за 300, 500, или повеќе убиени лица на украинска или руска страна, Палестинци или Израелци, низ Африка и Азија…
Вака напната политичка и геополитички превирања, такви динамични и драматични настани одамна немало во светот на меѓународен план, како во последните две години.
Ние во Македонија уште пред овој период ја почуствувавме оваа темна атмосфера со навлегувањето во неколку наврати на терористички групи во земјата со грозоморни планови, кои беа пресретнати и елиминирани, но кои ни предизвикаа жртви.
На Доналд Трамп да му посакаме брзо опоравување, безбедно и успешно враќање во кампањата, на Америка никогаш да не и се повтори ова, на светот мир ден порано, барем во најкритичните жаришта кои можат да прераснат во повод за масовно уништување на животи, преку трета светска и нуклеарна војна. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“
Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата
Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…