Гордана Јанкуловска ги тастала колегите во ВМРО во СЈО и ги охрабрувала пратениците да гласаат за промена на Уставот
НЕПРОЧИТАНА ЛЕКТИРА ЗА “ХРАБРОСТА” И “ЖРТВАТА” НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА: ЌЕ БЕШЕ МНОГУ ПОХРАБРО ДА КОРИСТЕШЕ АЗИЛ ОДКОЛКУ СО ЛАЖЕЊЕ ДА ГИ МЕСТИ СВОИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА ДА СЕ СПАСИ СЕБЕ И ЈАВНО ДА ГИ ОХРАБРУВА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
ИМ ГЛЕДАШЕ ЛИ НИЗ ПРСТИ НА ОНИЕ ШТО И ИЗБЕГАА НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА?
ОНА КОГА ПОНЕСЕН ОД ЖЕЛБА ЗА ФУНКЦИЈА ЌЕ ЗАБОРАВИШ НА СОПСТВЕНОТО МИНАТО И ПОСТАПКИ
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски
Легитимно е секој да сака да добие некоја државна или партиска функција, и при тоа, особено ако извршувал високи државни функции да има јавни настапи заради сопствена промоција, за да биде забележан и да ги истакне своите идеи, визија, знаења, квалитети и досегашни успеси. Одговарајќи на прашањето дали очекува функција, поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во поткастот на кој се појави, одговори дека не очекува висока функција но ако партијата од неа побарала нешто да и помогне, ќе помогнала.
Во превод, тоа значи “сакам функција”.
И тоа е во ред и е легитимно.
Но, не е легитимно да добиеш функција или некоја привилегија, не е легитимно да сакаш некому да се допаднеш, додвориш, наметнеш или да се препорачаш себеси користејки јавни клевети, навреди и лаги за друг човек, особено ако никогаш во животот на тој човек не си му изразил различно мислење и став, или спротивставување, ако тој ништо лошо не ти направил во животот, напротив секогаш ти бил од помош и со подршка.
Гордана Јанкуловска ја паметам од нејзиното прво вработување кога некаде во 2000 или 2001 година како министер за финансии лично ја интервјуирав за вработување во Министерството за финасии, за потоа во текот на нашата 15-16 годишна речиси непрекината соработка никогаш да не сме имале несогласувања или било какви расправии по било кое прашање.
Со други зборови се додека Јанкуловска гледала некаков интерес од соработката со мене, таа се најдобро говореше за мене насекаде каде ќе стигне.
Таа некое време по вработувањето во секторот за меѓународни финасии во Министерството за финасии премина во мојот кабинет. Малку пред да заминеме во опозиција, на еден заеднички ручек со амбасадорот на Велика Британија во тоа време, тој ме замоли да му дадам препорака за една стипендија на некој од моите соработници. Ја препорачав Гордана за стипендија за постдипломски студии на универзитет во Англија, од каде кога се врати, што се поклопи со мојот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со радост прифати да се вклучи во политиката и во ВМРО-ДПМНЕ, па стана шеф на мојот кабинет, потоа генерален секретар на партијата и министер за внатрешни работи непрекидно речиси цели 9 години, со што беше и со најдолг стаж на таа функција.
По превземањето на водството на МВР, за да нема двојство на високи партиска позиција и МВР како чувствителен ресор, по договор помеѓу нас таа се повлече од функцијата генерален секретар, но до крајот остана член на извршниот и централниот комитет на партијата, а како истакнат функционер беше и носител на листа во повеќе избори. И така 15-16 години…
На еден поткаст деновиве Јанкуловска изјавила за мене дека со доаѓањето и добивање политички азил во Унгарија не сум покажал доволно храброст да се соочам со предизвиците и дека сум заминал од земајта со кола како на одмор и тоа не можело да биде без некакво „прогледување низ прсти“ на високи политички структури во тоа време.
Во битката за докажување и себе промоција Јанкуловска кажала и дека не ги читала моите фб објави бидејќи биле како “лектири”. Ама затоа немаше проблем со најголемо внимание во минатото да ги чита, аплаудира и да ги прераскажува сите мои подолги интервјуа, говори, настапи и слично се додека имаше корист и интерес од тоа. Сега се пресметала дека користа за неа е ако каже дека веќе не ги чита, иако ги чита. И да сум и понудил сега таква функција немало немало да прифати да соработува до мене. Ќе прифати со уште поголем ентузијазам и ќе потскокнува од радост, но никој не нуди функции на луѓе со таков карактер, кога тој ќе се види каков е, а за тоа малку подолу.
Некаде пред поднесувањето од страна на СЈО на првите обвиненија во 2016 година еден наш тогашен соработник беше во Унгарија и потоа кажа дека проценил дека тамошните власти се целосно свесни дека за она што се случува во Македонија е чист политички мотивиран прогон од СЈО и неговите тутури, и дека тој е сигурен дека ако некој што е под таков прогон легално побара азил во таа земја, дека властите нема да влијаат негативно на нивните институции за да не се одобри азил и ќе ги остават независно и без негативни влијанија самостојно да одлучуваат. А ако не влијаат негативно политичарите и останат неутрални тогаш тоа значеше дека нашиот случај кој беше чист политички прогон и секоја слободна државна институција ќе го прифати.
Исто така тој кажа дека станува збор за многу суверена влада на која не можат однадвор да и кажат што треба да прави, ако тие не мислат така и не се согласуваат со тоа.
Ова затоа што тогаш атмосферата беше таква што некои влади во Европа отворено го подржуваа прогонот на Заев кон нас и евентуалното барање азил во таква земја се подразбираше дека има ризик да биде одбиено заради вмешување и влијание на тамошните политичари, или надворешно влијание кон нив за така да се вмешаат.
Се сеќавам кога го слушна тоа Гордана Јанкуловска, како силно и нескриено се израдува како “мало дете” со мноштво позитивни коментари пред неколку други лица кои беа исто така под прогон и кои сега нема да ги именувам, кажувајќи дека тоа би било многу добро времено решение од политичката хајка против нас.
Па дури како правник таа и правно ни раскажа за правата кои ги дава статусот на азил меѓу кои и дека власта која го врши политичкиот прогонот не може по никој начин да ги постигне целите некого недолжен да затвори, дека семејството може да добие ист таков статус и да се придружи, дека ги имаат речиси сите права како граѓаните на таа земја опишувајќи ги во детали, итн.
Зошто потоа таа одлучи да не бара азил, таа си го знае таа, како што знае дека ако го бараше ќе го добиеше, бидејќи штом институциите на една сериозна и суверена земја членка на ЕУ издадат азил на еден човек за одреден политички прогон, осбено за поранешен премиер, секако кога се работи за други членови на неговата влада кои се дел од истиот тој прогон, не може одлуката да е поинаква освен иста како за него.
За истото подоцна јас ја известив Гордана со писмо предадено на рака која таа го прочита во присуство на човекот кој и го однесе пред нејзиниот дом, како што на ист начин се обратив и до повеќе други лица од мојот тим кои беа под силен политички прогон во тоа време.
Во тоа писмо и нагласив, како и на сите други дека доколку се одлучат на тој чекор по пристигнувањето тука во Унгарија, може да сметаат на секаква моја помош во нивно вклопување во новата средина. Некои од тие лица се подготвуваа да дојдат, дури и нивни блиски дојдоа да разговараат со мене околу тоа како течел процесот на добивање азил и слично, но во последен момент се одкажаа заради ним познати причини.
Овој чекор тогаш го направив иако Гордана Јанкуловска претходно направи два чекори кои воопшто не личеа на храброст и на доблест од нејзина страна.
Прво, кога во ноември 2018 година објавив дека побарав азил во Унгарија, Јанкуловска беше прва што јавно преку медиумите ме повика да сум се врател во земјата.
Тоа “храбрата” Гордана го направи од страв да не има некакви реперкусии за неа и уште повеќе со надеж дека Заев и неговите потчинети и извршители во обвинителставата и судството ќе и го земат тоа за добро и ќе добие милост во понатамошната постапка на политичкиот прогон.
Видовме колку доби.
Второ, во јануари 2019 година вечерта пред гласањето на промената на уставот заради промена на уставното име Република Македонија и ставање на ново име – Република Северна Македонија, бришењето на АСНОМ од уставот итн, јас во својство на поранешен премиер објавив јавен повик преку социјалните медиуми до сите пратеници во парламентот, да не гласаат за промена на уставот.
СДСМ не ми одговори, но затоа подоцна дознав дека преку една личност, веднаш побарале од Јанкуловска да им помогне и таа како мој долгогодишен соработник да ми одговори, да ме нападне, осуди, искара итн.
“Храбрата” Гордана не мислеше ни една секунда и веднаш објави фб статус против мене, напаѓајки ме дека мене ми било лесно од 800 км да кажувам како треба. Помислив да и одговорам ако верува дека мене ми е лесно во азил во туѓа држава, што не дојде и таа тука па и на неа да и стане лесно, наместо да си плука на тоа што до вчера го бранела и афирмирала. Но се воздржав, бидејќи не сакав да и направам никаква дополнителна штета.
Со тоа таа за жал, на еден директен или индиректен но многу јасен начин, ги охрабри пратениците во парламентот, да не подлегнуваат на обидот за мое влијание во правец да не гласаат за промената на уставот.
На некој начин Гордана индиректно им кажа на пратениците дека на нивно место, таа, која била мој долгогодишен близок соработник и голем истомисленик во владата која ја предводев и која влада не дозволи промена на уставното име, историја и идентитет, не би го слушала тој совет. Пораката поедноставено кажано беше: не го слушајте, терајте што сте наумиле со промена на уставот.
Зошто? За да си купи милост кај Заев, СДСМ, и нивните подредени обвинители и судии.
И покрај овие два нејзини не коректни и не принципиелни јавни настапи и напади кон мене, јас објавив дека не и се лутам бидејќи е во тешка ситуација под прогон и под притисок, и не и возвратив со ништо негативно.
Но, таа погреши. Заев и неговата криминална банда си имаа список. Додека ја пљачкосуваат државата и ги продаваат националните интереси, имаа список кој треба да го затворат, а кој не, заради одвлекување на вниманието на народот и наша дискредитација.
Таа беше на тој список, и ниту едно такво додворување и недостоинствено виткање кичма Заев не и го уважи, па наместените и монтирани судења си продолжија.
Сепак, сигурен сум дека и давале надеж за подобар исход заради “добро однесување” штом во една подоцнежна фаза на процесите Гордана иако веќе во затвор, ненадејно одкако со години тврдеше и докажуваше дека не е виновна, за дел од обвиненијата во предметот Титаник одлучи да признае вина, иако јас знам дека таа немаше вина, но сакаше мир и спокој за себе. При тоа “око не и трепна” дека ќе им ја загрози судбината на повеќе други лица во процесот кои бранејќи се себе, ја бранеа и неа, кои исто така можеа да се “испазарат” со обвинителството и со Заев и да признаат вина, со цел или да бидат ослободени, или да добијат условна казна без одење во затвор и да немаат прогон против нив. Но за возврат да ги загрозат другите лица во процесот, меѓу кои и Гордана лично.
На пример во предметот наречен “Титаник” имаше обвинети четворица полицајци на кои во фаза на истрага им беше понудено ако сведочат против неа и уште една обвинета личност од процесот, дека тие воопшто нема да бидат обвинети.
Но, тие луѓе покажаа достоинство и вистинска храброст и го одбија тоа. Гордана не!
Тие денес уште се на суд со цела неизвесност и ризици пред нив, а Гордана повторно гради политичка кариера, градејќи аура на некоја голема жртва и газејки сѐ пред себе, без никакви скруполи.
Тие нејзини признанија за да се спаси само себеси, сѐ оружје во рацете на обвинителството и против мене во тој предмет, иако едно такво признание, особено во едни такви околности, не е некој силен доказ, сепак во недостаток на ниту еден друг доказ или сведок против мене во предметот, сигурно ќе се обидат да го користат тоа.
Во фазата на истрага, како што еднаш веќе објавив, шефот на специјалното обвинителство Катица Јанева во нејзиниот кабинет исто така ми понуди дека ако сум им помогнел во прибирање на докази против другите, при што наброја неколкумина меѓу кои и Гордана, можеле да се откажат од мое гонење. Јасна и недвосмислена понуда на маса!
Се разбира дека со индигнација одбив таква не пристојна понуда.
Како што одбив дури три понуди да го подржам преспанскиот договор, а за возврат да прекине прогонот против мене.
Но, што се случи? Тие кои и ветуваа на Гордана и на луѓето кои ја преставуваа дека ќе добие условна казна ако признае вина, ја измамија.
А зад сите експоненти во судот и обвинителството стоеше лично Зоран Заев.
Ја убедија да признае непостоечка вина, и пак и пресудија ефективна затворска казна, заедно со уште два обвинети кои во очај и со исто така скршен морал во тој момент подлегна и го направи истото за различни обвиненија од истиот предмет. Едниот од нив неформално беше на директна линија со Зоран Заев, тој беше лицето меѓу него и нив и тој ги убедуваше сите други да признаваат вина, да ја префрлаат на мене, а како возврат дека Заев му ветил нивно ослободување. Но, му прифатија само двајца, и двајцата беа измамени, едниот од нив беше Гордана. Само убедувачот кој одеднаш се зближи со Заев не го измамија.
Така тие се доведоа во ситуација, потоа нивните адвокати соочени со измамата да се борат и да бараат на апелациониот суд да се поништи таа пресуда и тоа нивно признание, одкако видоа дека ги измамија, и ем ги наместија да признаваат вина која ја немаат и со тоа да им наштетат на другите во процесот, ем спротивно на ветувањата им доделија ефективна затворска казна.
Многу храбро од страна на Гордана, нели?!
Ќе беше далеку похрабро ако Јанкуловска побараше политички азил, одколку да прифати преку признанија вина која ја нема да мести други луѓе за да се спаси себеси, да плука по тие кои и дале најмногу шанси и можности во животот и со чии политики секогаш целосно се согласувала, и така да го задржи своето достоинство.
Или ако не сакала да бара азил, барем да не се резили со вакви чекори.
Исто како што се резули и сега, кога индиректно и јавно молејќи за функција, повторно е спремна за “храбро соочување со предизвиците” на патот кон добивање нова функција.
Очигледно најмалку три настани, три лоши искуства не ја научија Гордана на онаа народната: “не плукај во бунарот од кој си пиел”…
Во однос на тоа што си измислила нејзина верзија како јас сум ја напуштил земјата, и дека сум заминал од земајта со кола како на одмор и тоа според неа не можело да биде без некакво „прогледување низ прсти”, е само обид да биде на линија на некои други луѓе од кои очекува корист.
Таа не размислила дека со тоа се отвора прашањето колку други лица побегнаа од земјата додека таа беше министер за внатрешни работи и дали ако така оди тоа на тие лица таа не им прогледала низ прсти како министер?
На пример од уапсените во случајот “Диво насеље” неколку дена одкако беа притворени едно лице побегна во Косово.
Ако јас сум не сум можел да заминам без „прогледување низ прсти” низ какви прсти гледала Јанкуловска како министер за внатрешни работи кога и побегна едно од лицата кои и убија 8 полицајци кои ја бранеа државата?
Или како побегнаа оние кои ги убија децата кај Смилковскито езеро, или оние кои ограбија една банка во Скопје?
Тоа е кога не се премислуваат изјавите занесени од можноста за моќна функција или привилегија.
Неморалноста и непромисленоста во нејзиниот настап ја гледам и кон односот кон други луѓе кои и биле блиски, кои со прашањата кои нејзе и ги поставуваа во поткастот беа напаѓани и обвинувани, а таа одговори на начин што не ги одбрани и не ја кажа вистината, туку си одговори нешто сосема друго што неа треба да ја прикаже како жртва. Нападите на нејзините соработници ги одмолче, а тоа е премолчено прифаќање, бидејќи во нејзиниот светоглед очигледно другите не се важни, нејзината цел е единствено важна.
Затоа велам, многу е лошо кога од алчност за функција и привилегии од власта некои луѓе ќе почнат недостоинствено, непринципиелно и не морално да се однесуваат. Бидејќи освен што ќе се заплетка сам себе, тој кој денес “плука во бунарот од кој пиел”, јасно е дека утре заради некаква друга лична корист или интерес, пак ќе плука од бунарот од кој сега сака “да пие”, и карактерот на таквите луѓе не се цени.
Тоа е мојата реакција за настапот на Гордана Јанкуловска. Секако со човек што сум работел секојдневно цели 15-16 години имам многу други работи да кажам, но одлучив во оваа прилика да се задржам само на коментар на нејзините изречени невистини и недолични изјави и однесување. И да и укажам дека патот до успехот може да е на многу подостоинствен начин од овој кој го одбрала.
тогаш атмосферата беше таква што некои влади во Европа отворено го подржуваа прогонот на Заев кон нас и евентуалното барање азил во таква земја се подразбираше дека има ризик да биде одбиено заради вмешување и влијание на тамошните политичари, или надворешно влијание кон нив за така да се вмешаат.
Се сеќавам кога го слушна тоа Гордана Јанкуловска, како силно и нескриено се израдува како “мало дете” со мноштво позитивни коментари пред неколку други лица кои беа исто така под прогон и кои сега нема да ги именувам, кажувајќи дека тоа би било многу добро времено решение од политичката хајка против нас.
Па дури како правник таа и правно ни раскажа за правата кои ги дава статусот на азил меѓу кои и дека власта која го врши политичкиот прогонот не може по никој начин да ги постигне целите некого недолжен да затвори, дека семејството може да добие ист таков статус и да се придружи, дека ги имаат речиси сите права како граѓаните на таа земја опишувајќи ги во детали, итн.
Зошто потоа таа одлучи да не бара азил, таа си го знае таа, како што знае дека ако го бараше ќе го добиеше, бидејќи штом институциите на една сериозна и суверена земја членка на ЕУ издадат азил на еден човек за одреден политички прогон, осбено за поранешен премиер, секако кога се работи за други членови на неговата влада кои се дел од истиот тој прогон, не може одлуката да е поинаква освен иста како за него.
За истото подоцна јас ја известив Гордана со писмо предадено на рака која таа го прочита во присуство на човекот кој и го однесе пред нејзиниот дом, како што на ист начин се обратив и до повеќе други лица од мојот тим кои беа под силен политички прогон во тоа време.
Во тоа писмо и нагласив, како и на сите други дека доколку се одлучат на тој чекор по пристигнувањето тука во Унгарија, може да сметаат на секаква моја помош во нивно вклопување во новата средина. Некои од тие лица се подготвуваа да дојдат, дури и нивни блиски дојдоа да разговараат со мене околу тоа како течел процесот на добивање азил и слично, но во последен момент се одкажаа заради ним познати причини.
Овој чекор тогаш го направив иако Гордана Јанкуловска претходно направи два чекори кои воопшто не личеа на храброст и на доблест од нејзина страна.
Прво, кога во ноември 2018 година објавив дека побарав азил во Унгарија, Јанкуловска беше прва што јавно преку медиумите ме повика да сум се врател во земјата.
Тоа “храбрата” Гордана го направи од страв да не има некакви реперкусии за неа и уште повеќе со надеж дека Заев и неговите потчинети и извршители во обвинителставата и судството ќе и го земат тоа за добро и ќе добие милост во понатамошната постапка на политичкиот прогон.
Видовме колку доби.
Второ, во јануари 2019 година вечерта пред гласањето на промената на уставот заради промена на уставното име Република Македонија и ставање на ново име – Република Северна Македонија, бришењето на АСНОМ од уставот итн, јас во својство на поранешен премиер објавив јавен повик преку социјалните медиуми до сите пратеници во парламентот, да не гласаат за промена на уставот.
СДСМ не ми одговори, но затоа подоцна дознав дека преку една личност, веднаш побарале од Јанкуловска да им помогне и таа како мој долгогодишен соработник да ми одговори, да ме нападне, осуди, искара итн.
“Храбрата” Гордана не мислеше ни една секунда и веднаш објави фб статус против мене, напаѓајки ме дека мене ми било лесно од 800 км да кажувам како треба. Помислив да и одговорам ако верува дека мене ми е лесно во азил во туѓа држава, што не дојде и таа тука па и на неа да и стане лесно, наместо да си плука на тоа што до вчера го бранела и афирмирала. Но се воздржав, бидејќи не сакав да и направам никаква дополнителна штета.
Со тоа таа за жал, на еден директен или индиректен но многу јасен начин, ги охрабри пратениците во парламентот, да не подлегнуваат на обидот за мое влијание во правец да не гласаат за промената на уставот.
На некој начин Гордана индиректно им кажа на пратениците дека на нивно место, таа, која била мој долгогодишен близок соработник и голем истомисленик во владата која ја предводев и која влада не дозволи промена на уставното име, историја и идентитет, не би го слушала тој совет. Пораката поедноставено кажано беше: не го слушајте, терајте што сте наумиле со промена на уставот.
Зошто? За да си купи милост кај Заев, СДСМ, и нивните подредени обвинители и судии.
И покрај овие два нејзини не коректни и не принципиелни јавни настапи и напади кон мене, јас објавив дека не и се лутам бидејќи е во тешка ситуација под прогон и под притисок, и не и возвратив со ништо негативно.
Но, таа погреши. Заев и неговата криминална банда си имаа список. Додека ја пљачкосуваат државата и ги продаваат националните интереси, имаа список кој треба да го затворат, а кој не, заради одвлекување на вниманието на народот и наша дискредитација.
Таа беше на тој список, и ниту едно такво додворување и недостоинствено виткање кичма Заев не и го уважи, па наместените и монтирани судења си продолжија.
Сепак, сигурен сум дека и давале надеж за подобар исход заради “добро однесување” штом во една подоцнежна фаза на процесите Гордана иако веќе во затвор, ненадејно одкако со години тврдеше и докажуваше дека не е виновна, за дел од обвиненијата во предметот Титаник одлучи да признае вина, иако јас знам дека таа немаше вина, но сакаше мир и спокој за себе. При тоа “око не и трепна” дека ќе им ја загрози судбината на повеќе други лица во процесот кои бранејќи се себе, ја бранеа и неа, кои исто така можеа да се “испазарат” со обвинителството и со Заев и да признаат вина, со цел или да бидат ослободени, или да добијат условна казна без одење во затвор и да немаат прогон против нив. Но за возврат да ги загрозат другите лица во процесот, меѓу кои и Гордана лично.
На пример во предметот наречен “Титаник” имаше обвинети четворица полицајци на кои во фаза на истрага им беше понудено ако сведочат против неа и уште една обвинета личност од процесот, дека тие воопшто нема да бидат обвинети.
Но, тие луѓе покажаа достоинство и вистинска храброст и го одбија тоа. Гордана не!
Тие денес уште се на суд со цела неизвесност и ризици пред нив, а Гордана повторно гради политичка кариера, градејќи аура на некоја голема жртва и газејки сѐ пред себе, без никакви скруполи.
Тие нејзини признанија за да се спаси само себеси, сѐ оружје во рацете на обвинителството и против мене во тој предмет, иако едно такво признание, особено во едни такви околности, не е некој силен доказ, сепак во недостаток на ниту еден друг доказ или сведок против мене во предметот, сигурно ќе се обидат да го користат тоа.
Во фазата на истрага, како што еднаш веќе објавив, шефот на специјалното обвинителство Катица Јанева во нејзиниот кабинет исто така ми понуди дека ако сум им помогнел во прибирање на докази против другите, при што наброја неколкумина меѓу кои и Гордана, можеле да се откажат од мое гонење. Јасна и недвосмислена понуда на маса!
Се разбира дека со индигнација одбив таква не пристојна понуда.
Како што одбив дури три понуди да го подржам преспанскиот договор, а за возврат да прекине прогонот против мене.
Но, што се случи? Тие кои и ветуваа на Гордана и на луѓето кои ја преставуваа дека ќе добие условна казна ако признае вина, ја измамија.
А зад сите експоненти во судот и обвинителството стоеше лично Зоран Заев.
Ја убедија да признае непостоечка вина, и пак и пресудија ефективна затворска казна, заедно со уште два обвинети кои во очај и со исто така скршен морал во тој момент подлегна и го направи истото за различни обвиненија од истиот предмет. Едниот од нив неформално беше на директна линија со Зоран Заев, тој беше лицето меѓу него и нив и тој ги убедуваше сите други да признаваат вина, да ја префрлаат на мене, а како возврат дека Заев му ветил нивно ослободување. Но, му прифатија само двајца, и двајцата беа измамени, едниот од нив беше Гордана. Само убедувачот кој одеднаш се зближи со Заев не го измамија.
Така тие се доведоа во ситуација, потоа нивните адвокати соочени со измамата да се борат и да бараат на апелациониот суд да се поништи таа пресуда и тоа нивно признание, одкако видоа дека ги измамија, и ем ги наместија да признаваат вина која ја немаат и со тоа да им наштетат на другите во процесот, ем спротивно на ветувањата им доделија ефективна затворска казна.
Многу храбро од страна на Гордана, нели?!
Ќе беше далеку похрабро ако Јанкуловска побараше политички азил, одколку да прифати преку признанија вина која ја нема да мести други луѓе за да се спаси себеси, да плука по тие кои и дале најмногу шанси и можности во животот и со чии политики секогаш целосно се согласувала, и така да го задржи своето достоинство.
Или ако не сакала да бара азил, барем да не се резили со вакви чекори.
Исто како што се резули и сега, кога индиректно и јавно молејќи за функција, повторно е спремна за “храбро соочување со предизвиците” на патот кон добивање нова функција.
Очигледно најмалку три настани, три лоши искуства не ја научија Гордана на онаа народната: “не плукај во бунарот од кој си пиел”…
Во однос на тоа што си измислила нејзина верзија како јас сум ја напуштил земјата, и дека сум заминал од земајта со кола како на одмор и тоа според неа не можело да биде без некакво „прогледување низ прсти”, е само обид да биде на линија на некои други луѓе од кои очекува корист.
Таа не размислила дека со тоа се отвора прашањето колку други лица побегнаа од земјата додека таа беше министер за внатрешни работи и дали ако така оди тоа на тие лица таа не им прогледала низ прсти како министер?
На пример од уапсените во случајот “Диво насеље” неколку дена одкако беа притворени едно лице побегна во Косово.
Ако јас сум не сум можел да заминам без „прогледување низ прсти” низ какви прсти гледала Јанкуловска како министер за внатрешни работи кога и побегна едно од лицата кои и убија 8 полицајци кои ја бранеа државата?
Или како побегнаа оние кои ги убија децата кај Смилковскито езеро, или оние кои ограбија една банка во Скопје?
Тоа е кога не се премислуваат изјавите занесени од можноста за моќна функција или привилегија.
Неморалноста и непромисленоста во нејзиниот настап ја гледам и кон односот кон други луѓе кои и биле блиски, кои со прашањата кои нејзе и ги поставуваа во поткастот беа напаѓани и обвинувани, а таа одговори на начин што не ги одбрани и не ја кажа вистината, туку си одговори нешто сосема друго што неа треба да ја прикаже како жртва. Нападите на нејзините соработници ги одмолче, а тоа е премолчено прифаќање, бидејќи во нејзиниот светоглед очигледно другите не се важни, нејзината цел е единствено важна. Ниту пак кажа збор за оние кои ја ставија зад решетки, оние кои неколку години ја малтретираа. За Заев ни збор напад, за Оливер Спасовски исто. За СДСМ исто така. Неупатен гледач би помислил дека јас сум ставил во затвор, а не Заев!
Затоа велам, многу е лошо кога од алчност за функција и привилегии од власта некои луѓе ќе почнат недостоинствено, непринципиелно и не морално да се однесуваат. Бидејќи освен што ќе се заплетка сам себе, тој кој денес “плука во бунарот од кој пиел”, јасно е дека утре заради некаква друга лична корист или интерес, пак ќе плука од бунарот од кој сега сака “да пие”, и карактерот на таквите луѓе не се цени.
Таа нашироко со години го афирмираше мојот стил на работење со микро менаџирање кој даде најдобри резултати во многу области, и упорноста во постигнувањето на целите, а денес тоа истото го критикува. Тоа говори за неа, како и целиот нејзин настап насочен кон мене, а не за мене.
Очигледно меѓу редови кажа дека и пречи и тоа што објавувам критики за власта, и дека штом не сум бил во Макеоднија немало што да објавувам, па тоа било исто како таа да кажувала што треба да се прави во Кина. Не во Кина, ни во Македонија таа не знае што да каже, ниту пак кажала, бидејќи не се сеќавам на ниту една реформа која се направила, дури и во нејзиниот ресор, а да произлегла како нејзина оргинална идеја. Часовите поминати во поткастот, можеше да ги искористи наместо да плука по тоа што во минатото го афирмирала, за прв пат да промовира некоја нова позитивна идеја, ако ја има. И каква мала, кава голема слика? Нејзината слика очигледно е само функција, моќ и привилегија, та ако сака нека е и во најмалата слика што може да постои.
Тоа е мојата реакција за настапот на Гордана Јанкуловска. Секако со човек што сум работел секојдневно цели 15-16 години имам многу повеќе работи да кажам, но одлучив во оваа прилика да се задржам само на коментар на нејзините изречени невистини и недолични изјави и однесување. И да и укажам дека патот до успехот може да е на многу подостоинствен начин од овој кој го одбрала.
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…