Груевски повторно ја подбра Владата: “Момците” се фалат со резултат од туѓа работа и пренаменуваат цела ТИРЗ во земјиште за соларни панели каде ќе вработат ЕДЕН човек
Поранешниот премиер Груевски “ги пофали момците” од Владата кои на местото на ТИРЗ одлучиле да постават соларни панели каде, како што вели Груевски ќе се вработи ЕДЕН човек со чија плата веројатно исто така ќе се пофалат како да е голем успех.
– Со големи симпатии и уживање гледам на ентузијазмот на власта кога периодично раскажува за успесите во ТИРЗ-овите, за тоа колку нови работни места се отворени и колку нови дополнителни инвестиции се направени, како расте извозот од нив, платите итн. Резултати кои доаѓаат главно од проширување со нивните следни предвидени фази на развој на оние фабрики кои ги донесовме и по нешто од некои нови кои ги бевме 90% дотерале пред завршни работи пред почеток на инвестиција.
Единствено жалам што немавме барем уште година-две да ги довршиме тогаш веќе регистрираните и започнати со градба ТИРЗ-ови и да дојдеа во нив барем првите една-две фабрики. Такви беа ТИРЗ-овите во Радовиш, Гевгелија, Виница, Делчево, Берово, и Ранковце (како тромеѓе меѓу Куманово, Кратово и Кр.Паланка), добар дел од нив до пола инфраструктурно завршени, особено во делот на подземните инвестиции за функционирање на зоните (водовод и канализација). Овие шест споменати беа веќе со почнати градежни активности во нив, а со новата програма во 2017-2018 година беа предвидени и изградби на дополнителни ТИРЗ-ови во Куманово, Гостивар, Липково и Маврово-Ростуша.
Не само што сега и за таму ќе читавме слични соопштенија, туку многу луѓе немаше да се иселат од Македонија.
Наместо ова, и наместо на некое ридесто и за друго неупотребливо земјиште, земјиштето што го планиравме за индустриска зона во ТИРЗ Ранковце, и веќе имамвме рамнење и други градежни зафати на него, го пренамениле за поставување соларни панели каде можат да вработат максимум 1 (и со зборови: еден) вработен и постепено да му ја покачуваат платата, па евентуално на нацијата да и соопштуваат за тој успех. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…