Груевски се огради од Мицкоски: Не се сложувам со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

t

Минатата недела во интервју за „А1он“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека нема да има прошка “за секој кој се огрешил пред законот” и дека практично ако дојде на власт ќе го стави поранешниот премиер Груевски во затвор.

Мицкоски кажа дека нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на екс-премиерот директно во затвор.

Тој во интервјуто додаде дека секој што е правосилно осуден, требало да си ја одлежи казната, што значи дека посакува и Груевски, кој е правосилно осуден да биде вратен во Македонија за да си ја одлежи определената казна.

Ваквата изјава на Мицкоски предизвика бурни реакции од членството на партијата и нови поделби во структурите на партијата кои и онака не се многу сплотени.

Покрај членовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска преку објава на Фејсбук, поранешниот премиер Груевски практично се огради од Мицкоски и сегашното раководство на партијата.

Тој нагласува дека нема комуникација со Мицкоски, дека не се согласува со одредени политики на раководството и дека никој не побарал совет и мислење од него како поранешен претседател на партијата.

– “Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, партијата има свое раководство и нормално е тоа раководство да ги носи одлуките.

Второ, со дел од тие одлуки јас не се согласувам, односно мислам дека се погрешни, но разбирам дека тој кој ја има одговорноста го има и правото да одлучува особено ако зад тоа стои мнозинството од членството на партијата и секако дека и јас кога сум бил претседател на партијата, сигурно дел од членовите на партијата не се согласувале со дел од одлуките и политиките на тогашното раководство, и тоа е нормална работа во една партија, бидејќи не може сите да мислиме исто за се.

Сето она што приватно го мислам за политиките и одлуките на актуелното раководство го споделувам во приватни разговори само во потесен круг на 10-15 пријатели кои најголем дел немаат политички активности, исто како и секој друг човек. Јавно барем досега не се произнесував по однос на одлуките и политиките на актуелното рководство бидејќи не сакам да правам дополнителни проблеми во партијата, ниту пак сакам да го правам тоа што не сум сакал мене да ми го прават, а тоа е да вршам притисок и влијание за различни политички, кадровски или организациски одлуки на оние кои во моментот ја носат целата одговорност. Затоа премолчив многу настани, дури и напади, префрлања вина, обвинувања и други несоодветности, за кои многумина блиски ми реагираа дека не треба да молчам. Сепак, така е веќе пер години по избор на новото раководство на партијата.” – вели Груевски во објавата на Фејсбук.

Дополнително поранешниот премиер демантира дека било како влијаел на делегатите за на Конгресот за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Мицкоски, со што Груевски комплетно се огради од сите активности на Мицкоски откако е претседател на партијата.

– “Широко распространета лага која често се повторува е дека јас сум издејствувал Христијан Мицковски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е лага и ги повикувам сите 550 делагти, ако кај еден од нив лично сум лобирал за изборот на Мицковски слободно јавно да го соопшти тоа и да ме демантира. Еве сега веќе пет години не сум на партиска а уште подолго на државна функција, под силен политички прогон сум, во друга земја живеам и нема од што да се плашат.

И порано и сега има многу луѓе кои лажно се преставуваат како лица преку кои јас наводно испраќам некакви пораки, или зад чии став некои веруваат дека стои мојот став и слично, и тоа веројатно како проблем го има секој претседател на партија во Македонија, премиер, министер или друга моќна личност. Такви луѓе имало и ќе има.

Но, од аспект на мое лобирање кај оние кои директно го вршеа изборот, барем на еден од 550 делегати на Конгресот кои мнозинство од нив го избраа Мицковски за претседател, категорично тврдам дека такво нешто нема.

Напротив, во деновите кога уште не се знаеше кој се ќе се кандидира и колку кандидати ќе има, кога согласно статутот се собираа потписи за кандидатура, (во тоа време имаше шпекулации или информации за неколкумина можни кандидати), одреден број делегати на конгресот, (дел од нив поединечно, дел во помали групи) побараа лична средба со мене со единствена цел, да сум им дал насока за гласање.

“Нема насока”, беше мојот одговор. “Возрасни сте, искусни сте, одберете сами!” Клучно за овој мој став беше разочарувањето од некои луѓе од моето опкружување во тие последни недели или месеци, и на речиси сите од нив чии имиња се вртеа во јавноста како можни кандидати за претседател на партијата, во личен разговор им кажав дека “нема да застанам зад ниту еден од потенцијалните кандидати бидејќи сите ми се помалку или повеќе подеднакво блиски, но и од сите сум разочаран”. Ниту еден од нив не ме праша зошто од него сум разочаран. Веројатно го знаеја одговорот…

Од тие причини несакав да превземам одговорност да давам препораки, насоки и слично.

Знам дека и ова на многумина нема да им се верува. Не им се лутам, бидејќи и за неверување е” вели Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…