Груевски се присетува на зборовите на Ѓорче Петров кажани за Делчев: ,,Тој влезе во гроб со јад сметајки дека малку придонесол за слободата на Македонија”

t

Груевски се присетува на зборовите на Ѓорче Петров кажани за Делчев:

Денес на денот на раѓањето на Гоце Делчев, да се потсетиме на некои од зборовите на Ѓорче Петров кажани за Делчев, со кого поминале многу време заедно во животот споделиле многу размислувања, чуства, грижи, идеали, среќни и тажни моменти.

Некои од нив звучат како денес да се кажани, затоа што македонското прашање сеуште не затворено, колку и да многу нешта се променети.
“…Тој влезе во гроб со јад сметајки дека малку придонесол за слободата на Македонија…”
“…Тој имаше неизмерна верба во тврдоста и издржливоста на населението. Тој сметаше дека ќе ја крепи душата и вербата и веруваше дека борбата е најсигурното средство за востание и настојуваше да го крепи бунтовничкиот дух кај населението, затоа што борбата за него беше живот, а животот борба.
Таа концепција на возвишениот идеализам на кој друг повеќе му прилега од Делчев?
Тој беше идеалист во коските…”
“…Тогаш, што сакаше Гоце?

Гоце беше фанатичен поддржувач на максимата, дека ропството се должи, пред сè, на самиот роб и се крепи од него повеќе отколку на мачителот и дека кога робот престанува во душата да биде таков, ропството исчезнува…”
“…Македонија никогаш не била пред пострашна судбина од онаа што ѝ се подготвува денеска. Македонија опустошена, без луѓе, безнадежна, силно притисната од ноктите на непријателите. Ние како никогаш досега се чувствуваме беспомошни сами да си го средиме своето спасување. Таа чека од своите синови-емигранти да ја заменат во борбата за нејзината слобода, и да ја претставуваат пред светот со нејзиниот вистински лик, со ореол на класични борци за правда и слобода.

Кој нејзин член ќе има смелост да не се одгласи на името на Делчев, ако пред лицето на тој историски престап остане глув на повикот на татковината и туѓ на Гоце Делчев…”

“…Таа денеска претставува една земја без стопан преназначена да послужи за грабеж и предмет за награда на победникот за победениот. Во таква положба јас не разбирам кога повеќе од денес би имало смисла за едно ослободително дело во духот на заветите на Гоце? Едно знам, дека паметењето на народните борци – светци било потребно за поколенијата, за да ги буди и повикува на работа, Кога другпат, ако не сега, ова ќе најде свој прилог во животот на македонското население…”
“…Инаку, Делчев не е неподдржлив, ниту недостижен, ниту пак човек на минатото, за да се задоволиме со неговите спомени.

Секој може да биде ако не Делчев, тогаш барем приближно како него, само ако го презира исто колку тој своето лично благо во корист на татковината и да си ја напои душата со неговите човечки и опшествени добродетелства.
Затоа единствено правилен начин на неговото прославување е да се следи неговиот пример, да се прифатат неговите завети. Особено треба да бидат внимателни неговите современици и соборци, неговото, име да не се употребува за сè и сешто.

За нас, македонските емигранти, Делчевите завети се уште позадолжителни, затоа што неговиот идеал, којшто беше општ за сите нас, не е реализиран!…”

Извадоци од “Беседа за Гоце”. Беседата е одржана лично од Ѓорче Петров на покана и во организација на македонските студенти во Бугарија на 4 мај 1919 во Софија, по повод 16-годишнината од неговата смрт

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Стево прифаќал ДЕБАТА, ама не одел!?

Лидерот на политичката партиј Левица, Димитар Апасиев…

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Јас не…

Нема да дозволиме, порача лидерот на СДСМ…

Димитриевски напаѓа нов рекорд во Рајо Ваљекано!

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но…

55-годишен скопјанец физички нападнат од три лица

55-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил…

Дмитро Кулеба ги дефинираше петте главни цели…

– Министерот за надворешни работи на Украина…