ГРУЕВСКИ СО СУГЕСТИИ ДО ВЛАДАТА КАКО ДА ГО РЕШИ ЗАГАДУВАЊЕТО: „Само сакам да го кажам моето мислење“
Екс премиерот Никола Груевски повремено се огласува на социјалните мрежи. Овој пат тој одлучи да даде сугестии до владата на Мицкоски за тоа како да го реши загадувањето.
„
ПРИОРИТЕТНИ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА- ЕНЕРГЕТИКА, ЕКОЛОГИЈА И ВИСОКИ ТЕХНОЛОГИИ
Метро, трамвај, Гасни централи, централи на отпад (ѓубре), парно греење насекаде, обновливи извори, вештачка интелегенција, роботика, автоматока…
Начин како да се изгради и како да се решат проблемите, во делот на поголемо производство на електрична енергија и постигнување на одржлива состојба на чист или многу почист воздух
Овој текст треба се свати само како едно размислување, една визија, на еден поранешен премиер со долгогодишно искуство во водење на државата и со претходно искуство на две значајни министерски позиции. Се надевам дека овој текст ќе поттикне размислувања од кои ќе произлезат решенија на некои горливи долгогодишни проблеми со надеж дека таквите размислувања ќе доведат до уште поквалитетни решенија.
Текстот е тематски и посодржаен, па оние кои не ги интересира оваа тема, најдобро е тука да запрат со читањето.
Актуелната влада има свои планови, своја програма, експерти и визија, со кои делумно сум, но како автор на овој текст потенцирам дека не целосно сум запознат. Оттука, можно е да постојат и преклопување на некои размислувања од овој текст, со некои објавени или не објавени стратегии, планови, проекти и визии на актуелната политичка власт.
ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА КРУПНИ ПРОЕКТИ
Локалните избори во Македонија поминаа. Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери имаше убедлива победа во Скопје и низ речиси сите општини во Македонија каде е доминантно неалбанското население. Владејачката ВРЕДИ исто така завладеа во многу значајни општини со мнозинско албанско население.
Таквите ситуации, кога една партија ја има централната и најголем дел од локалната власт во Скопје и најголем дел низ земјата во исто време, создаваат една извонредна и ретка можност за реализација на многу крупни проекти без намерни опструкции и одолговлекување заради политички мотиви, што не секогаш, но често во демократиите се случува.
ЕРА НА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ ПРИОРИТЕТИ: РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО, ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ, МЕРКИ ЗА ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД И ПОВИСОК РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА, ВИСОКИ ТЕХНОЛОГИИ…
Две клучни значајни области во ова време се енергетиката и екологијата, особено во делот на чист воздух, тема која во овој период од годината станува актуелна. И секако економијста и животниот стандард.
Годините кога јас ја предводев владата некои го нарекуваа ера на нови големи инвестиции во фабрики и отворање на илјадници нови работни места во услови на екстремно голема невработеност како тогашен економски проблем број еден во земјата, ера на инфраструктура во културата и во спортската инфраструктура, инвестиците во огромен број опрема и апарати во здравството, како и градежни инфраструктурни инвестиции во здравството, големи инвестиции во земјоделието, во образованието, и сето тоа проследено и со изградбата на сериозна патна инфраструктура.
Денес е друго време низ Европа, а така треба да е и во Македонија, и живееме во ера на енергетика, екологија, вештачката интелегенција, со надоаѓачкиот бран на роботика и автоматока, cyber безбедност и во годината кога помасовно започна огромно забрзување на вештачката интелегенција со огромните можности на квантната технолгија, која израсна од теоретската дисциплина на квантаната физика, а сега веќе ветува да ги трансформира темелите на пресметувањето, комуникацијата, медицината и безбедноста. Квантната технологија како акцелератор на вештачката интелегенција, претставува една од најзначајните трансформации во историјата на човештвото што може да обезбеди синергија што ќе го револуционизира не само пресметувањето, туку и самата наука, медицина, финансии, пресметување и пренос на податоци и низа други полиња.
И како што вече напоменав. покрај ова мерките за повисок животен стандард, повторно насекаде низ Европа се многу актуелни, бидејки животниот стандард во ЕУ е загрозен од повеќе причини кои резултираа со состојбата во која континентот заостана во неговиот технолошки, индустриски и иновативен развој и натпреварот со Америка и Кина.
Меѓу поглавните причини кои го нарушија животниот стандард во Европа се 1.цените на енергијата после санкциите кон Русија кои Европа ја направија ценовно помалку конкурентна, 2.огромната ценовна, технолошка и иновативна конкуренција од Кина која веќе не е привремена, туку е причинител на фундаментална криза особено во Германија како најразвиена индустриска земја во Европа, 3. за некои европски држави голем проблем се и наметнатите царински тарифи од САД кон нив и генерално кон ЕУ, 4. огромните трошоци на финаисрањето на војната во Украина, 5. ембаргото кон Русија, кое има последици и во земјите на ЕУ кои го воведоа, а на кои во некои сектори Русија им беше голем пазар претходно, како и двострано зголемените царински тарифи и бариери со Кина, 6. целата безбедносна неизвесност која произлегува од таа криза која Европа ја втурна во итна подготовка за војна, 7. Неконтролираниот прилив на нелегалните мигранти повеќе од една деценија чии дел ја нарушија безбедноста во земјите на ЕУ и вградија дел од своите работни навики и култура во системи кои претходно перфектно функционираа, но за жал веќе не е така, како Германија на пример, како и неколку други фактори. Така, во економската локомотива на Европа, Германија, веќе економски проблем број еден е невработеноста, а според анкета на комората околу 2/3 од компаниите размислуваат за пренос на производството надвор од Германија. И тоа не е случај само во Германија.
Логично е првата дестинација каде трошоците за производство се далеку пониски да е Балканот.
Колку Македонија ќе привлече од оние кои и така заради тешката состојба со високите трошоци и други царински или не царински бариери одлучиле да ја напуштат нивната држава и да бараат нова поповолна локација, најмногу ќе зависи од ангажманот на тоа поле на лица кои би биле задолжени и посветени на тоа од страна на државата.
Сето ова, животниот стандард во ЕУ го наруши и го врати како значајно прашање, а тоа директно влијае и на животниот стандард на Македонија каде во многу фабрики веќе бројот на вработени е значајно намален.
Скопје како еден од најзагадените градови во Европа и во светот, неодамна доби нов мошне амбициозен градоначалник, кој заедно со неколку други градоначалници на поголеми градови заедно со владата која е стабилна и во моментот видливо надмоќна над опозицијата, со добра среднорочно стратегија и инвестиции можат еднаш за секогаш да го решат проблемот со загадувањето на воздухот во еден период од 4-5 години. И тоа да стане минато.
ПРИОРИТЕТ БРОЈ 1: ТРАЈНО ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ
Ако владата која ја предводев во 2013 и 2014 година во комитетот за здравје и животна средина заедно со голем број надворешни експери ги правевме анализите за тоа од каде и колку потекнува загаденоста на воздухот на Скопје, која во тие години веќе сериозно нарасна и природно стана тема во општеството, сега веќе сѐ е познато и потребна е акција која верувам дека никој нема да ја опструира. Ако сепак некој се обиде тоа може да биде само на негова штета. Резултатите уште тогаш покажа, а потоа тоа се потврди, дека убедливо најголем фактор за загадувањето е греењето со матерјал кој многу загадува, кој во вкупното загадување учествува со околу 65-70%. Втора причина чинам беше загадувањето од издувните гасови на возилата со околу 20%, и преостанатото пропаѓаше на индустријата, околу 10-15%. Сепак, ова последното треба да се земе со резерва, заради непропорционалната финасиска моќ на потенцијалните загадувачи, над оние кои е се задолжени да го мерат загадувањето односно да управуваат сонтехниката за тоа, или со други зборови, треба да се направи уште една проверка во тој дел, која ќе исклучи секаква можност од финасиско-коруптивно влијание на загадувачите врз преставниците на државните институции, инспектори и слично. Со ова не претендирам да кажам дека некој некого корумпирал, но нема да биде погрешно доколку во овој дел се направи уште едно независно, и по можност тивко мерење, исклучувајќи секаква можност за надворешни влијанија од потенцијалните загадувачи.
Тука да напоменам дека фокусот на загаденоста на воздухот го земам како примарен и многу акутен проблем, но не треба да се заборави и загадувањето на водата и почвата.
ГЛАВНИ ЖАРИШТА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА
Познато е дека во Скопје главниот извор на загадување не се централните општини, бидејки се опфатени со топлотната мрежа за греење. Главни загадувачи на градот се општините што се во опкружувањето и особено оние домаќинства кои заради поголема сиромаштија се принудени да користат сѐ и сешто како енергенс за греење, а голем дел од нив живеат во импровизирани живеалишта, диви населби и слично.
Затоа и решавањето на овој проблем покрај развојот и изградбата на топлинската дистрибутивна мрежа треба да има и една социјална компонента.
Почнувајки од општина Сарај, преку Ѓорче Петров, дел од Карпош и од Водно, кои не се дел од градската мрежа за парно греење,Шуто Оризари, Чаир, Гази Баба, Лисиче, Драчево… сите треба да добијат парно греење по достапна цена.
Но има и такви диви и импровизирани живеалишта каде тоа не е можно, а тие не се малку. Всушност дали сте се запрашале како нашите сограѓани се греат во делот на пример на Шуто Оризари, околу касарната Илинден или дивите флавели покрај Вардар и Вардариште? Проблемот е што токму тука се најтешките случаи на социјално загрозени категории на граѓани и од тие причини дел од нив се принудени да се снаоѓаат и да користат како енергенс различен отпад , облека, пластика, делови од мебел, моторно масло и што ли не, за загревање. Тука е главното жариште на загадување на Скопје.
Затоа, како што кажав, во решавање на овој проблем треба да се направи и посебен социо-економски проект за ранливиге категории на граѓани, вклучително и за најранлиците како овие што ги опишав.
Многу главни градови во Европа имаат направено и спроведено планови и програми како да се реши овој проблем, бидејќи некогаш и тие се соочувале со истиот проблем.
На пример во многу главни или големи градови како Мадрид, Лондон, Рим, Милано и други им биле понудувани можности за дислокација на лица кои живееле во импровизирани и диви живеалишта во центарот или блиску до него. Преку социјална програма им се давале можности за работа и живеење во населени места во државата каде има сериозен недостаток на работници.
На Скопје му е потребен пет годишен план за 0% согорување на штетни и отровни материи (Лондон во 60тите години ова го имплементираше, Мадрид во 90тите).
УСЈЕ
Усје треба веднаш да се обврзе да користи само гас како енергенс, како и другите фабрики за кои се овозможени услови за тоа. И тука компромиси не треба да нема. Како што ние не направивме компромиси за сите капацитети од големите загадувачи на кои со закон како политичка гарнитура им наложивме да стават филтри до 2014 година, иако бараа да се одложи таа мерка. Речиси секој во бизнисот ако нема услови и не е правно регулирано, воден од желбата за повисок профит, користи тоа што е најевтино како енергенс, без голема грижа за здравјето на луѓето и околината.
На среден рок треба да се дислоцира надвор од градот, за што владата треба да започне преговори со сопствениците, да постигне договор за тоа и да донесе среднорочен план за дислокација со утврдени рокови и обврски.
ГРАДБИ НА СИСТЕМ ЗА ПРЕНОС И ДИСТРИБУЦИЈА НА ГАС
(ПОПУЛАРНО НАРЕЧЕНО ГАСИФИКАЦИЈА, СО ПРИМАРНИТЕ, СЕКУНДАРНИТЕ И ТЕРЦИЈАЛНУТЕ ГАСОВОДНИ ПОВРЗУВАЊА)
Како влада во тие години инвестиравме и го изградивме системот за пренос на гас (тогаш го нарекувавме примарен гасовод), од Куманово до Штип кој се надоврза на веќе постоечкиот систем на пренос на гас од границата со Бугарија од каде засега единствено влегува природен гас преку цевка во Македонија, преку Крива Паланка, Куманово и до Скопје.
Потоа целосно изградивме нов систем на пренос на гас (популарно наречен “гасовод”) од Куманово (с.Клечовце) до Штип.
После тоа целосно го изгадивме системот за пренос на гас од Штип до Неготино/ Кавадарци.
Веднаш потоа ја започнавме градбата, и во изградба ги оставивме на нашите наследници примарните гасоводи Скопје-Тетово-Гостивар и Неготино-Прилеп-Битола, како прва фаза од гасификацијата.
Но ниту еден од новоизградените системи за пренос на гас сеуште не е во функција бидејќи власта на СДСМ која не наследи во владата како марионетско поставена власт во тоа време, иако ги продолжи со мошне бавно темпо, освен што не ги доврши од нас започнатите системи за пренос на гас, туку за првите два кои ги завршивме во мандатот кога ја предводев владата на Република Македонија, и оној систем за пренос на гас кој веќе беше претходно изграден до Скопје, од за мене не разбирливи причини не спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на гас (популарно наречен секундарна и терцијлна гасификација) за веќе изградените системи за пренос на гас.
Иако оставивме целосно подготвена документација за јавен повик за изнаоѓање концесионер за градба на систем за дистрибуција на гас, кој заради предвремените избори и законите кои налагаа да се воздржиме додека тие се завршат, не ги објавивме.
Како и да е, добивањето на власт на централно и локално ниво истовремено е добра можност која треба да се искористи за крупни проекти. Според мое мислење, а согласно времето во кое живееме денес и предизвиците кои ги носи ова време, во врвот на приоритетите треба да бидат:
1. Преносниот и дистрибутивниот систем на гас, односно секундарна и терцијална гасификација, што значи носење гас во домаќинствата и фабриките во Скопје, Битола, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Свети Николе, како прва фаза на веќе завршен систем на пренос на гас во овој дел од земјата.
Тоа се градовите до каде веќе примарните гасоводи односно преносни системи на гас се веќе стигнати во нивна близина, односно изградени, и тука нема што да се чека.
Треба веднаш да се пристапи кон градба на секундарна гасификација, односно дистрибутивен систем на гас (градба на гасоводни цевки од преносниот систем (примарниот гасовод) кој поминува во близина на градот, до одрени пунктови внатре во градовите и разгранета мрежа низ градовите) и тецијални гасоводи кои гасот од улиците ќе го донесат до домовите и фабриките. Секундарната и терцијлната можеби треба да се спојат во една фаза како систем за дистрибуција на гас, која во овој текст ќе ј нарекувам “дистрибуција”.
Потребниот буџет за реализација на проектот за изградба на систем за дистрибуција на гас е 0 (нула) денари бидејќи сето тоа би го изградиле приватни компании на систем на повеќедецениска концесија, процес кој би течел паралелно со доградбата на системот за пренос на гас онаму каде го нема, и временски паралелно со изградбата на гасните централи (когенеративни електро централи кои користат гас како суровина) и електроцентралите кои користат отпад/ѓубре како суровина-Waste to Energy.
Ова затоа што изградбата на системите за дистрибуцијата на гас (секундарната гасификација) би се финансирале од кредит кој би го земало државно претпријатие без државна гаранција, затоа што издавањето државна гаранција би ја стеснила моќта односно просторот за натамошно задолжување за други значајни проекти.
Станува збор за исплатливи, профитабилни проекти кои сами преку своето работење ќе го вратат земениот кредит.
Евентуално би можело терцијалната гасификација како дел од дистрибутивниот систем на гас, да се даде на концесија на приватна компанија, доколку државта одбере дека е подобро да го намали притисокот врз себе при наплата на сметките за гас, без кои системот нема да може да опстои.
Но, доколку одлучи државата може сѐ да задржи како државна сопственост и државна инвестиција на државно претпријатие. Може да се примени и систем на ЈПП или SPV, наменски компании за одреден проект.
Ова е изводливо затоа што како што кажав, сите овие проекти ќе бидат профитабилни, самоисплатливи и самоодржливи, инвестираните средства ќе се вратат во период од 7-8 години, па така ќе се врати и кредитот на државното претпријатие, а сите понатамошни профити државата ќе може да ги инвестира во нови државни енергетски или други проекти.
Втора опција ќе биде, по исплатата на кредитот, државата да се откаже од профитите, но цените на струјата, парното и гасот за граѓаните и компаниите значајно да се намалат, или можеби некоја умерена средина на двете можности, односно да лавира помеѓу средства за нови инвестиции и одржување од една страна и од друга страна еден вид подршка на економските субјекти преку поевтин гас со цел да обезбедат покункурентен производ и грижа за социјална димензија со домаќинствата.
Овој начин со земање кредит без банкарска гаранција е исто така изводлив затоа што од пред 7-8 години Европа овозможи доделување многу поволни т.н. зелени кредити, и банките низ Европа се обврзани одреден дел, процент од своите портфолија на пласмани да мора да ги инвестираат во т.н. “зелени проекти” со т.н. “зелени кредити”, нешто што во минатото го немавме на располагање, па затоа тогаш подобра опција се гледаше концесијата. Ова со цел преку премногу државно-гарантирани кредити односно државни гаранции да не се дојде до преголем државен долг кој би ни влијаел и на кредитниот рејтинг на земјата, што пак повлекува повисоки камати при понатамошно задолжување, и до завземање на просторот за други развојни кредити, кој простор е ограничен во релативна вредност како процент од БДП, и други проблеми.
За овој модел ќе биде потребно во таа државна фирма владата да стави вредна актива како сопственост и како извор на стабилни приходи, што би се исполнило со превземање на некој или неколку други постоечки големи енергетски или други објекти, кои ќе ја зајакнат кредитната способност на тоа државно претпријатие. Ова со цел тоа или тие државни претпријатија да станат поатрактивни за банките а заемите да добијат сигурна исплата, погледнато од агол на банките.
За овој модел подетално пишував во текстот за ХЕ Чебрен на 9. јануари 2024 година, а претходно на 22 декември 2022 година пишував пошироко околу проектот Чебрен, и оние кои повеќе ги интересира ги упатувам на тој текст и евентуално на тој пред него. https://www.facebook.com/share/p/1ADPYwCujv/?mibextid=wwXIfr
https://www.facebook.com/share/p/1HezVw7LWj/?mibextid=wwXIfr
Сепак, важно е да се напомене дека за да има масовно приклучување и користење на гасот во домаќинставата владата треба однапред да размисли и да создаде програма за субвенционирање на цената на гасот барем за првите 10 години, особено и секако трајно за посиромашните семејства.
2.Паралелно државата треба веднаш да пристапи кон градба на систем за пренос на гас (примарна) и подоцна на систем за дистрибуција на гас (секундарна гасификација) на останатиот дел од градовите и населените места кои не се опфатени во горните и кои ние пред 15тина години ги бевме сместиле во т.н. втора и трета фаза со цел и другите поголеми градови да добијат гас и систем за пренос и дистрибуција на гад (гасификација), а такви се Велес, Струмица, Охрид, Струга, Кичево, Делчево, Берово, Пехчево, Крушево, Македонски Брод, Демир Хосар, Гевгелија и останатите.
Градежните активности може да се синхронизираат и да завршат во исто време за околу една година до една и половина година и една година претходно потребна за подготовка, планови и проекти, односно многу работа која граѓаните не ја гледаат.
Инвеститор би било државно претпријатие веројатно постојното АД НОМАГАС во кое како капитал се и досега изградените гасовидни системи за пренос (гасоводни цевки од еден град до друг град), и повторно ќе нагласам дека на истото барем привремено за следните десетина години додека да се врати кредитот, треба да му се обезбедат неколку објекти кои носат приходи и ликвидност и кои истото ќе го направат доволно атрактивно пред кредиторите. Такви објекти може да се некои постоечки хидроцентрали, како на приемр ХЕЦ Тиквеш и државните ветерани централи, Ветерниот парк Богданци, или слични објекти кои веќе носат профит и ликвидност.
Оваа операција ќе биде добра прилика за истовремено да се изградат и гасоводни цевки кон сите соседни земји, Грција, Албанија, Косово и Србија заради непречена трговија, увоз и извоз, а кон Бугарија потребна е и второ поврзување со гасоводна цевка на потегот помеѓу Петрич и Струмица, кој ќе ги поврзе системите за пренос на гас помеѓу Бугарија и Македонија во еден друг дел, бидејќи од другата страна на границата ќе се поврзе со значаен гасоводен интерконектор кој ќе ги зголеми можностите за обезбедување поевтин гас и одбегнување било каква зависност во снбдувањето.
Така, Македонија од “слепо црево” на Балканот во однос на преносот на гас, може да се трансформира во балкански хаб за пренос и дистрибуција, како и тргување на гас кон соседните држави, особено кон Косово, Албанија и јужна Србија.
КОГЕНЕРАТИВНИ ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КОИ КАКО СУРОВИНА КОРИСТАТ ГАС
3.Истовремена со обезбедувањето гас во секој град во Македонија, треба да се пристапи со подготовка и изградба на најмалку 12-13 когенеративни централи за производство на електрична и топлинска енергија кои како суровина користат гас (понатаму: гасни централи) низ Македонија, изградени во близина на различни градови, и освен производство на електрична енергија кое е многу значајно и ќе внесе поголема стабилност во снабдувањето и одбегнување на кризи при недостаток на електрична енергија на пазарот кога купената струј е многу скапа, ќе испорачуваат и топлина за изградба на парно греење низ најголем дел од градовите во Македонија. Со тоа трајно ќе се елиминира загадувањето на градовите кое во најголем дел произлегува од греењето.
ИЗГРАДБАТА НА СИСТЕМ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ СО КОРИТЕЊЕ НА ТОПЛИНА ОД КОГЕНЕРАТИВНИТЕ ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА КОИ ТРАЈНО ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ, ИЛИ БАРЕМ 70% ОД ТОЈ ПРОБЛЕМ.
За овие цели во Скопје би биле потребни уште две когенеративни електрични централи кои како суровина користат гас.
По една когенеративна централа за производство на електрична и топлинска енергија која ќе користи природен гас би требало да се изгради во и за Битола и околината, Неготино-Кавадарци, Кичево и околните општини, Штип со околните општини, Куманово-Ранковце и можеби други општини, Тетово-Гостивар и околните општини, Струмица со околните општини, Охрид-Струга, Прилеп и околината, Велес, Кочани-Виница и околните општини и можеби уште некој друг град.
Тие гасни централи ќе обезбедат топлина и за соседните помали градови на овие поголеми градови.
На пример гасната централа во Штип би обезбедила топлина и за Свети Николе и Карбинци и околните општини. Гасната централа во Битола би обезбедила топлина за греење и за околните општини како Новаци и Могила, кумановската за Ранковце, една гасна централа би била и за Охрид, Струга и Дебарца итн.
Селата во основа не се толку многу загрозени со загадување на воздухот заради греење на мал број жители, кое греење какво и да е не е доволно за да значително го загади воздухот. Затоа загадувањата се најголеми во поголемите и најголемите градови.
Но, затоа пак овој проект е многу значаен за селата со развиено или потенцијал за развој на земјоделство, бидејќи топлината од гасните централи би била многу важна за многу евтино загревање на постоечки и многу идни оранжерии, што може да доведе до голем развој и извоз на оранжериското производство.
Со ова, ако правилно се изведе, особено социјалната програма на субвенционирање на гасот во домаќинствата и на топлината, односно затоплување на домовите особено за ранливите категории, во голема мера и трајно ќе се реши загадувањето на воздухот различно од град до град, помеѓу 65% и 100% од загаденоста, зависно каде колкав причинител на загадувањето на воздухот е греењето.
Генерално, за владата да биде сигурна дека овој проект ќе успее и ќе има масовно приклучување на домаќинствата и компаниите треба да се определи некоја минимална цена за топлинската енергија, не повисока од сегашните трошоци за греење кои ги имаат, а за лицата со големи социјални проблеми би се направила посебна социјална програма.
На тој начин сите три страни би биле задоволни концесионерите на електраната, државата и граѓаните кои и компаниите кои ќе ја користат топлината и голем дел од електричната енергија со речиси никакви загуби во преносот.
Всушност уште во самиот оглас и во договорот за давање концесија, независно дали тоа ќе е државна или приватна гасна централа, државата треба да определи или некоја симболична цена на остапување на таа испуштена топлина, или целосно бесплатно остапување на топлината, која неизбежно се создава при производството на електрична енергија во когенеративните електрични централи кои како основна суровина го користат гасот.
Профитот за сопствениците во тие централи произлегува главно од продажбата на струјата.
Тоа не значи дека парното греење ќе биде бесплатно за крајните корисници, бидејќи треба да се обезбедат средства за одржување и сервисирање на топлинското загревање, но би било со доволно ниска цена за да има масовен одзив за прикличоци.
Исто така во тој договор треба да се уреди кој и во која мера ќе ја изгради инфрструктурата за користење и пренос на топлината помеѓу централата и домовите, и зависно каков сопственички и социјален модел ќе се одбере за останатото, ќе се определи и тоа.
Се разбира, доколку државата е инвеститор најлогично е тоа да оди преку најголемиот производител на струја – ЕСМ.
Ако државата сака долгорочно да ја засили ликвидноста на некои други државни претпријатија со сродна дејност како преносоителот на електрична енергија АД МЕПСО, би можела да одреди една или неколку централи да ги изгради МЕПСО кој подоцна по исплата на кредитот од профитот би инвестирал во преносната мрежа на електрична енергија, или други државни компании со сродна дејност, како на пример државната компанија за гас – АД НОМАГАС, која од профитите по исплатата на кредитот ќе инвестира во развој на гасоводните мрежи.
Македонија нема многу рудници и рудни и минерални богатства, па приходите, односни профитите од сите овие објекти со гасни централи подобро е да завршат кај државата и општините каде се наоѓа централата и околните општини, кои во такви случаи би требало да добијат некој мал удел во сопственоста, отколку кај некои приватни инвеститори – концесионери.
Сепак, тоа е тема за која е потребна дебата, во смисла колку од гасните централи треба да се државни (и делумно општински), а колку да се дадат под концесија на приватни инвеститори. Во секој случај, тоа се исплатливи и високо профитабилно инвестиции кои сами себе ќе се исплатат за 7-10 години.
Ако гасните централи се понудат на концесија, а тоа важи за сите поголеми енергетски објекти кои се нудат на концесија, тогаш најдобро би било како во сите земји на ЕУ да се објават меѓународни јавни повици и јавно транспарентно наддавање, а добитници да бидат оние компании кои покрај бесплатно или по многу ниска цена остапената топлинска енергија, со инвестирањето ќе остапат еден дел од гасната централа да стане сопственост на државата (делумно и на општината и околните општини), без истата да инвестира во тоа, на пример 15%, 20%, 25%, 30% или повеќе, и тој процент да биде предмет на јавно наддавање.
Така ќе се обезбедат приходи кои или може да се насочат во државниот буџет за нови инвестици, или како што направивме во Законот за концесиите од рудниците, да се насочат во општините каде се наоѓаат тие рудници, чии концесиски надомест како процент веќе би требало да се зголеми и би се прошири и подели и со соседните општини на општината каде се наоѓа рудникот.
Ако сепак не се објават на јавно наддавање, тогаш подобро би било да се промовираат домашни инвеститори кои ќе обезбедат финасии со или без банкарски кредити, експертиза и технологија, за профитот од истите помалку да се изнесува од Македонија, затоа што многу поголема е веројатноста дека домашните инвеститори профитот ќе го реинвестираат во Македонија, барем делумно, отколку странските, а интерес секако ќе има бидејќи станува збор за профитабилен бизнис со берзански производ.
Може да се пристапи и кон комбиниран модел, дел да се државни гасни централи, дел дадени на јавен повик и јавно наддавање на приватен концесионер кој ќе обезбеди и делумна малцинска државна сопственост и подоцна приходи за државата од тоа, или алтернативно на домашни инвеститори.
Стратегија за градење на когенеративни електроцентрали со суровина -природен гас, од еколошки аспект е начин за темелно и трајно решение на проблемот со загадувањето на воздухот.
Покрај ова когенеративните електроцентрали кои користат природен гас како суровина имаат производствен процес кој е стабилен и континуиран кој дава стабилност на електроенергетскиот систем.
Исто така ќе можат да се користат како секундарна и терциерна резерва во електропреносниот систем. Додека пак фотоволтаичните електроцентрали и ветрените електроцентрали немаат стабилен процес на производство, односно произведуваат електрична енергија кога има сонце и кога дува ветер, а исто така делуваат на квалитетот на електричната енергија и ги зголемуваат техничките загуби во електропреносната/електродистрибутивната мрежа.
За електроенергетскиот систем на Македонија оваа идеја ќе беше одлични да се почнеше пред почетокот на големата “инвазија” од фотонапонските електоцентрали. “Инвазијата” на изградба започна со енергетската криза во 2021 година, а кризата беше искористена истите да се доделат на нетранспарентен и коруптивно начин на фирми кои минатата власт на СДСМ сакаше да ги фаворизира. Моментално, според информациите во дистрибутивната мрежа има приклучено 1.200 MW фотоволтаични електрцентрали, а на епектропреносната мрежа официјално 160 MW, а неофицијално 180 MW, а има планирано уште многу. Постигнато врвно оптоварување во електренергетскиот систем е во месец јануари за време на празниците и изнесува околу 1.200 MW.
АД МЕПСО како оператор на електропреносната мрежа има големи проблеми со управувањето од големиот инсталиран капацитет кои се приклучени на електродистрибутивната мрежа а не може да ги исклучи бидејќи не ги гледа во нивниот диспечерски центар. Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје во одредени периоди предава произведена електрична енергија и се појавува во улога на производител а не на дистрибутер на електрична енергија. За жал тоа е реалноста со енергетиката во моментот, пред се заради лошата и коруптивно политика на претходната власт која размислуваше краткорочно, а не долгорочно.
Гасот е веќе неколку години вброен во зелена енергија и потребата за електрична енергија, особено со развојот и ширењето на вештачката интелегенција секоја година драстично расте и допрва ќе расте.
Важно е да се каже дека потенцијален доток на гас во Македонија има доволно и со сегашната цевка која влегува во Македонија кај Крива Паланка, која доаѓа од Бугарија, а по поврзувањето со Грција за година до две години од сега, и уште еден приклучок кон Бугарија на потегот меѓу Стримица и Петрич, заради диверзификација на увозот на гас, веќе Македонија ќе е во многу подобра состојба.
ЕЛЕКТРО ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА БАЗИРАНИ НА ОТПАД
Waste to Energy Технологија каде не останува никаков отпад
Кога сега би имале пари и би сакале да инвестирате во изградба на електро централи кои како суровина користат отпад/ѓубре во Европа, имате многу малку можности, бидејќи речиси сите региони низ државите во ЕУ а делумно и надвор од ЕУ се веќе зафатени со веќе изградени електро централи за производство на струја каде суровината е отпадот од домаќинствата.
Во Европа веќе се минато долгогодишните депонии и загадувањето на почвата и подземните води од депониите со отпад, бидејќи целиот или речиси целиот отпад се користи за производство на струја. Така се добива повеќе произведена електрична енергија и истовремено се решава проблемот со регионалните депонии, кои колку и да се полнат, веднаш ќе се празнат бидејќи на тие централи отпадот им треба за да можат да работат, секако нивен интерес е да го приберат целиот отпад и да го употребат во производство на струја. Ако нема отпад, не можат да работат, не можат да произведуваат струја. Нема отпад-нема бизнис.
Наместо почвата и подземните води да се загадуваат со децении, наместо децениски кавги и протести за локација на депонии за отпадот, каде да бидат, односно каде да не бидат, и слично, треба државата да издаде концесии за изградба на регионални електрани за производство на струја каде суровината е ѓубре/отпад, наместо гас, јаглен ветер, вода, сончева енергија, хидроген, нуклеарна енергија и друго.
Целото или најголем дел од мешаниот отпад да се претвора во струја наместо со децении да се таложи во почвата и во подземните води и да ги загадува подземните води и почвата, од каде подоцна јадеме и пиеме вода.
Уште подобро ќе биде ако се воведе законски утврден систем на селектирање на отпадот како што е насекаде во ЕУ со одвојување на хартијата, пластика, стаклото…, што се знае како се втемелува во една култура: паралелно со едукација на населението, со финасиски стимул и со казни.
Последните генерации технологии на електро централите кои користат отпад како суровина прават многу мало загадување на воздухот и затоа ги има во цела Европа, затоа што ги исполнуваат највисоките еколошките стандарди на ЕУ која е многу поригорозна од САД во тој дел, а истите почнаа да се градат и на балканот.
Според некои меѓународни стандарди за да работи профитабилно, на една централа во Европа и е потребен отпадот од најмалку 300.000 жители во радиус од 30-35 километри, но со мала субвенција од државта може да биде и радиус од 50-60 колометри, што значи дијаметар од 100-120 километри, и така би се решил најголем дел од проблемот со депониите и загадувањето на почвата и водата од отпад на домаќинствата.
Покрај ова, неколку такви централи ќе решат неверојатен политички проблем поврзан со месното население каде се планира градба на регионални депонии за собирање и затрупување на отпадот.
Овие централи како што веќе спомнав, исто така би можеле да ги градат наместо приватни инвеститори концесионери-државно претпријатие со заем без издавање државна гаранција. Но, може да се дадат и на концесија на приватни компании.
Така, една централа на отпад би можела да е изградена на тромеѓе помеѓу Скопје, Велес и Штип, втора помеѓу Скопје и Тетово, трета помеѓу Скопје и Куманово, и сите три некако да достигнат околу 300.000 жители.
Се разбира и во внатрешноста постојат услови, но повторно со мала субвенција или контролиран увоз на отпад, или пак со користење на земјоделски отпад кој во моментот се гори неконтролирано, за да се донесат до минимално профитабилни, заради недостатокот на луѓе, како на пример една централа за струја на отпад може да се изгради помеѓу општините Битола и Охрид/Струга, каде би гравитирале и општините Дебраца, Могила, Новаци, Ресен а веројатно и Прилеп.
РЕЗУЛТАТ
После овие инвестици кои би можеле да се завршат за неколку години, и после изградбата на хидроцентралата Чебрен (и Галиште), недостаток и увоз на струја во Македонија нема да има подолг период, а ќе има струја за извоз. Снабдувањето ќе биде многу стабилно.
Ќе бидат потребни и додатни инвестиции во електро преносни системи.
Воздухот ќе стане многу почист, парно греење ќе има во поголем дел од градовите и државата по исплатата на кредитите ќе има големи профити кои може да ги инвестира во различни свери или решавање на проблеми, или пак да маневрира со подобрување на ценовната конкурентност на компаниите и совијалниот аспект на граѓаните.
ЧЕБРЕН
Во ваква ситуација и со ваков пристап ХЕЦ Чебрен исто така треба може да биде државна инвестиција бидејќи ќе произведува т.н. “пикова енергија”, во голема мерка за извоз, која е со висока цена и заработка при продажбата и извозот.
ИЗГРАДБА НА ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ГАС
На Македонија и е потребен и капацитети за складирање на гас, нешто што во основа треба да е државно, кое секогаш ќе чува резерви за неколку месеци во случај на прекин на дотокот на гас заради некоја виша сила. Таков нема, бидејќи досега користењето на гасот не е многу големо и значајно, а во време на претходниот систем во социјализмот воопшто го немало.
МАСОВНА И ИТНА ИЗГРАДБА НА СИСТЕМИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ВИШОЦИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Огромна е потребата и од поитна и помасовна изградба на системи за складирање на електрична енергија во Македонија, кои најчесто се литиумските батерии, иако веќе излегуваат и многу иновации во тој дел, исто како во целокуоното производство и пренос на електрична енергија.
Се губат огромни средства заради немање системи за складирање и се доведува електоро енергетскиот систем во ризик.
Покарај индивидуалното градење на вакви системи од самите сопственици на електроцентралите кои произведуваат струја од сончевата енергија и од ветрот, кое треба да продолжи и да се стимулира, државата може многу лесно да привлече инвестиција на инвестициски фондови или на други инвеститори кои ќе изградат на повеќе локации такви системи со поголем капацитет и ќе се обврзат да го купуваат вишокот на произведена електрична енергија, кој кога е вишок е многу поевтин, а ќе тој вишок ќе го продаваат кога истата најмногу се бара на пазарот, обично во вечерните часови, односно кога вената на струјата на пазарот е многу повисока.
Се разбира, доколку обезбеди поволен кредит, државата би можела и сама да инвестира во вакви ситеми за складирање на електрична енергија.
Претходно опишаните енергетски проекти (гасоводи, гасни централи и централи на отпад) се неопходни и итни за Македонија да се изградат во следните неколку години, заради ургентни еколошки и енергетски причини. Следните две (централи на хидроген и на нуклеарна енергија треба да бидат дел од долгорочни планови.
ЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ СО ТУРБИНИ НА ХИДРОГЕН
Ги спомнав и електичните централи со турбини хидроген, кои се во значителен подем во светски рамки и кои не испоштаат СО2 или минимално испуштаат. Хидрогенот засега е сеуште многу скап за цената на електричната енергија на балканското поднебје, но долгорочно електроцентрали со турбини на хидроген се исплатливи и еколошки, работат на принцип складирање на електрична енергија на принцип на гас кога има вишок на електрична енергија во електродистрибутивните/електропреносните мрежи а потоа таа енергија можат да ја прдеадат како електрична кога има недостиг.
ЕЛЕКТРО ЦЕНТРАЛИ НА НУКЛЕАРНА ЕНЕРГИЈА
Потребна е транспарентна консултација со експерти и за можна градба на централа за производство на струја каде суровина е нуклеарна енергија.
Јасно е дека тоа е многу чувствутелно прашање и потребен е поширок општествен консензус и време, но претходно потребна е многу поголема информираност и едукација на граѓаните околу оваа материја.
Овие централи се многу скапи, се градат многу бавно, но доколкунтака се одлучи тие би се граделе, а може и да се управуваат, што значи и сервисираат и одржуваат од многу искусни во оваа дејност странски компании, но ова е тема која бара повеќе внатрешни консултации во општеството.
Не само низ Европа (без Германија која пред 15 тина години одлучи да ги затвори нуклеарните централи и денес има големи економски проблеми, меѓудругото и заради тоа), сега започнува тренд за изградба на поголеми или помали нуклеарни централи и на Балканот.
Малите нуклеарни централи стануваат исто така многу атрактивни.
Во регионот Хрватска планира изградба на уште најмалку една нуклеарна централа поголема од Кршко. Србија најави градба на нуклеарна централа. Унгарија гради втора нуклеарна централа итн.
Нуклеарната централа дава голема стабилност на системот, и пред неколку години, ЕУ заедно со гасот ја квалифицираше во т.н.”зелена енергија”. Унгарија на пример, која има една нуклеарна централа во Пакш, во моментот гради втора таква со ист капацитет.
Но, ова не е тема на овој текст.
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ОД ИЗДУВНИ ГАСОВИ ВО СООБРАЌАЈОТ
5.Последниот проблем околу загадувањето во големите градови, е во делот на загадување од Сообраќајот.
Индустријата која учествува со 10% во загаденоста на воздухот не ја спомнувам бидејќи во тој дел владата само треба да ги применува во законите најновите еколошки стандарди во Европа, како обврска за загадувачките индустриски капацитети кои не се голем број. И секако вешто да се справува со можни лажирања на резултатите од мерењата.
Во делот на сообраќајот најголем е проблемот на главниот град на Македонија – Скопје.
МЕТРО, ТРАМВАЈ, БТР, НОВИ АВТОБУСИ, ГРАДСКИ ВОЗ, ПОДЗЕМНИ СООБРАЌАЈНИЦИ, ТУНЕЛ ПОД ВОДНО И ПРОШИРУВАЊЕ НА ГРАДОТ ВО НОВ ДЕЛ ЗАД ВОДНО…
Секој поголем главен град има комбинација на јавни превози, а не само еден. Со цел да се намали загадувањето на воздухот во делот на издувните гасови на автомобилите, на Скопје му е потребно метро, трамвај, БТР и неколку подземни сообраќајници кои ќе овозможат брз проток на возилата и со тоа ќе го намалат застојот на возилата, односно поголемото испуштање на издувни гасови стоејќи во место или движејќи се екстремно бавно. Такви 4 подземни сообраќајници беа предвидени и точно одредени како локации во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во 2016 година, но тогаш на Македонија и се наметна однадвор марионетска влада со други приоритети. Уште еден проект од овој корпус е проширувањето на градот Скопје кој веќе е многу густо населен, преку изградба (за почеток) на еден поголем патен и железнички тунел под ридот Водно, кој ќе отвори нов простор за ширење на Скопје без да се пренатрупуваа, за што поопширно пишував во една моја објава поврзана со изградба на тунели под Водно, објавена на 23 мај 2023 година. https://www.facebook.com/share/p/1GeuvV7j8E/?mibextid=wwXIfr
Тоа проширување меѓудругото ќе овозможи и доволно простор за некој други нови објекти кои бараат поголем простор да се сместат таму, како нов саем кој е голем недостаток, нова универзална сала, со што сегашната опожарена ќе се префрли таму и на истото место каде е сега ќе се ослободи место за парк и зеленило, нов објект како конгресен центар и ред други јавни објекти, покрај многуте приватни.
ИЗГРАДБА НА МЕТРО ВО СКОПЈЕ
Изградбата на метро од Радишани до Сопиште на должина до барем два-три километри зад планината Водно, што значи вклучувајќи и премин под или во централниот тунел под Водно, и од Сарај до Горно/Долно Лисиче, Драчево и Пинтуја е несомнено скап проект, кој веројатно ќе чини околу 3 до 4 милијарди евра, но ќе донесе неверојатна промена во растеретување на сообраќајот во Скопје и многу ќе влијае на намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.
За тој проект потребна е голема синхронизација помеѓу централната и локалната власт во Скопје, и постојното владење на актуелните владејачки партии на централната и на локалната власт е идеален момент за тоа. Да нема отворени или прикриени опструкции заради политичко-партиски мотиви.
За изградбата на метро во Скопје ни биле потребни околу година и половина многу обемни, ефикасни и многу интензивни подготовки во делот на промени на урбанистички планови, јавни анкети на општините, гласања во локалните институции, општини, градот Скопје и на централно ниво владата и парламентот, мерења, подготовка на проект, обезбедување заем или концесионер, зависно по кој сопственички модел би одлучила владата да го гради метрото.
Понатаму, би било потребно време за спроведување на процедури за јавни набавки, цртање на проектите во сите фази, обезбедување стручни консултанти за вакви проекти и слично. Потоа, би било потребно веројатно околу три до три и поливина години градење на метрото.
Доколку инвеститор е државата, тоа буџетски гледано би значело дека инвестицијата за физичка изградба ќе се подели во четири буџетски години. Со обзир дека на Балканот скоро секогаш доцнат големите проекти заради повеќе причини, може слободно да се каже дека финансирањето би било во 5 или 6 буџетски години.
Инаку Скопје не е мал град за да има метро. Во Европа има двојно и повеќе помали градови кои имаат метро. На приемер Brescia/Бреша во Италија има околу 200 илјади жители и има метро. Лозана со 140.000 жители исто така има метро, понатаму Rennes со 220,000 жители, Newcastle со 300,000, Bilbao со 347,000, Catania со 297,000 жители, итн.
Трендот на урбанизација во светот укажува, според студија на ООН, дека до 2050 година, две третини од светската популација ќе живеат во градови, што ќе создаде зголемен притисок за развој на масовен јавен транспорт и тоа секако ќе го опфати и Скопје.
При планирање на метро, се зема во предвид пошироката урбана област, не само градот. Метрополитенската област на Скопје, со околните општини (Сопиште, Сарај, итн.), веројатно надминува 700-800 илјади жители, што дополнително ја оправдува идејата за метро.
Може да се користи автоматизиран систем без возачи, како во сѐ повеќе градови, и последно во Солун.
Скопје е сеизмичко подрачје, но модерните метро-системи се дизајнираат за отпорност на земјотреси (флексибилни споеви, засилени структури).
Подземните тунели се генерално многу побезбедни од површински згради.
Метро и тунели има во ултра сеизмичките градови во Јапонија, Турција и други и тоа не е никаков проблем.
Метро-системот значително ја намалува загаденоста, бидејќи е електричен и може да користи обновливи извори, што секако би се предвидело во проектот.
Истражувањата покажуваат намалување на загадувањето за 15-25% во коридорите каде што има метро.
За целосна функционалност на метрото во Скопје со две линии, веројатно би биле потребни помеѓу 27 и 30 возови (вклучувајќи 20% резервни), што би се вклопиле во вкупната цена која ја споменав од 3-4 милијарди евра во 5 до 6 буџетски години (значајно заради буџетскиот дефицит), односно градба на метрото, и би имало нова линија на секој 5-7 минути.
Доколку се сака да се намали цената, можно е со градење на надземна наместо подземна железница во периферните населби на градот, што повеќе од тројно ќе ја намали цената по километар, а потоа, кога ќе навлезе во погусто населениот дел од градот, да понира под земја.
Паралелно во функција на помасовно користење на метрото, треба да се овозможи да се изградат нови катни гаражи или уште подобро големи надземни паркинзи на крајните, односно почетните станици на метрото, бидејќи многу луѓе кои би доаѓале од подалечни дестинации кон Скопје, би ја оставиле колата таму на влезот од градот каде што тргнува метрото и молневито брзо би стигнале во центарот и потоа назад.
На пример голем таков паркин во Сарај на почетната станица, и некаде кај Горно или Долно Лисиче каде многумина кои влегуваат во Скопје од страната Илинден, таму ќе паркираат и ќе користат метро за да си ги завршат обврските и потребите во Скопје.
По две години кога најбрзо по подготовките што се потребни би можела да почне физичката изградба на метрото и на трамвајските линии, се разбира доколку така се одлучи, време кога веќе ќе завршат изградбата на авто патиштата и експресните патишта кои сега се градат и доградуваат низ Македонија, заедно со системите за пренос и дистрибуција на гас и гасните централи, би бил поголем приоритет градењето на метро, трамвај, градски воз и подземни сообраќајници, од градењето на некои нови автопати или брза железница на коридорот 10.
Сепак, во случај ако инвестицијата за изградба на две линии метео е превисока за одеднаш да се изградат, можно е да се гради најпрвин една линија, а потоа втората. Едната линија би било логично да поаѓа од Драчево, преку Пинтија кон Аеродром, Центар, Карпош, Ѓорче Петров до Сарај (онаму каде е најгуста населеноста). Втората од Радишани, Бутел, Чаир, Центар, Водно, во тунел под Водно па надземно неколку километри во делот на Сопиште како нов дел на градот.
Или доколку се отцени дека не треба тунел и нов дел зад него, тогаш до подножјето на ридот Водно.
ТРАМВАЈ И БТР
Со обзир дека Скопје не се протега само на овие траси, паралелно ќе биде потребна и градба на трамвај во другите дијагонални правци на Скопје, и секако еден дел ќе остане покриен од автобуси и БТР, како и во секој модерен главен град во Европа: комбинација од сите јавни превози.
На ова би се надоврзал и проектот за градски воз, кој е одлична идеја, превоз кој го има во секој поголем главен град во Европа. Тој проект може да се надополнува во иднина со нови траси, и би бил многу значаен за поврзување особено на пригратските населби со центарот и како еден вид кружен тек, поврзување на аеродромот крај Скопје со центарот на градот, и што е најважно, нема да загадува.
Во периодот кога ја предводев владата, во соработка со градот Скопје започнавме подготовки за изградба на трамвај.
Во подготвутелната фаза, кога размислувавме и за концесионер, се направија пресметки, а потоа дојдоа компании потенцијални инвеститори од разни земји, вршеа свои презентации пред владата во фазата на подготовка и истражување на владата.
Така, од тие нивни пресметки и презентации произлегуваше дека две третини од цената на билетот треба да се субвенционира за да има во тоа време прифатлива цена за граѓаните од 30 денари.
Дел од економските министри ми укажаа дека економски тоа е не профитабилен проект.
Погледнато од денес, мислам дека беше голема грешка што подлегнав под тоа нивно влијание и што прифатив да го одложиме тој проект на подолг период. Не затоа што не беа во право гледано само од економски аспект, туку затоа што некои јавни проекти, особено јавен транспорт кој влијае на намалување на загаденоста на воздухот во град кој секоја зима е во врвот на најзагадени во светот, со големи последици на здравјето на граѓаните, не може да се гледа само низ економска призма.
Со ова искуство зад мене, сега не би ги послушал некои од економските министри и би настојувал да се изгради проектот за трамвај (сега веќе и за метро), кој колку што се сеќавам по 20 или 30 години концесиски период требаше да стане државен, односно градски.
ТРАМВАЈ ИЛИ БТР ВО ГРАДОВИ ВО ВНАТРЕШНОСТА
Трамвај или БТР со помош на централната власт, за почеток барем една линија долж градот, а потоа и втора унакрсно, заслужуваат според својата големина и честа загаденост на воздухот и уште неколку градови во Македонија како што се Битола, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Охрид и други. И тоа би било фер кон тие граѓани за да има порамномерна распределба на јавните инвестиции.
СЀ ШТО Е ПОВРЗАНО СО ЗДРАВЈЕТО НЕМА ЦЕНА! И е многу поевтино од лечењето на болните од болести кој произлегуваат од екстремно високата загаденост.
Кога станува збор за здравјето на луѓето, одговорот на економските тези за исплатливост, треба да е здравствен и еколошки, а не економски.
НОВИ ГРАДСКИ АВТОБУСИ
Замената на старите автобуси со нови е неопходна бидејќи веќе се над 16 години стари.
ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ- СУБВЕНЦИИ, ПОЛНАЧИ, РЕГУЛАТИВА И ДРУГИ СТИМУЛАЦИИ
Неопходноста за субвенционирање на електрични автомобили е исто така голема и постои во речиси сите држави на ЕУ. Паралелно со создавање на регулатива за изградба на полначи на струја за овие автомобили низ земјата. Со цел Владата на Р.Македонија да ги поттикне и охрабри граѓаните потребно е да дава субвенции за купување на електрични возила, да обезбеди бесплатни паринзи и други бенефиции. Исто така потребно е да се монтираат брзи полначи за електричните возила. За ова поширок текст објавив на 22 август 2023 година. https://www.facebook.com/share/p/1BkgTf1Skp/?mibextid=wwXIfr
ВРАЌАЊЕ НА АКЦИЗАТА ЗА ПЕТРОЛ КОКС
Потребно е да се врати мерката за зголемени акцизи за петрол кокс кој се користи од фабриките(главно тулани), а која меѓу првите мерки ја укина владата на Заев, кој и самиот има тука на во Струмица.
КРАЈНА МЕРКА ПОСЛЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ
На крајот, по спроведување на сите овие проекти, за 7-8 години од сега, доколку сеуште има проблеми со загадувањето во строгиот центар и доколку има таква потреба, постои можност за мерка со која за влегување со кола во строгиот центар може да се направи одлука на градот Скопје за електронско плаќање такса за тоа, како што е во Лондон, Сингапур и други градови уште од многу одамна и со тоа да се стимулираат граѓаните непотребно да не одат во центарот со возило.
Но јас не верувам дека после спроведувањето на овие проекти, ќе има потреба од тоа, бидејќи превозот со метро ќе е толку брз и точен, што ќе биде бесмислено да се вози половина час и уште којзнае колку време да се бара паркинг, наместо да се стигне со метрото за 6-7 минути.
Така што сето тоа во комбинација со метро, чија предност е што е брз и многу точен превоз, не само Скопје, туку и во строгиот центар на Скопје ќе се диши многу почист воздух.
Делот на потребни стратешки инвестици во развој на вештачка интелегенција, роботика и автоматика, како и потребата и начините за привлекување инвестиции во високи технологии ќе го опишам во друга прилика, заради должината на овој текст.
Се разбира, како што кажав на самиот почеток, Македонија има своја влада и владејачки партии, и тие секако како избрани од народот самите одлучуваат кои се приоритетите на државата, но јас како поранешен премиер, со овој текст само сакам да го кажам моето мислење засновано од моето искуство и насобрано знаење“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГРУЕВСКИ СО СУГЕСТИИ ДО ВЛАДАТА КАКО ДА…
Екс премиерот Никола Груевски повремено се огласува…
Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
(Видео) Српски „студент кој сака да учи“…
Наспроти сериозноста на ситуацијата во Србија и…
Историски воен проект на Балканот: Три земји…
Балканот би можел да добие прв заеднички…
Удрил дете во Скопје и побегнал, полицијата…
Лишен од слобода возачот кој денеска попладне…