Удрил дете во Скопје и побегнал, полицијата го приведе
Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега.
Денеска (29.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.
Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…