Груевски сподели уште еден проект: Создавање на рурални развојни зони, кислород за опстанок на населението во нив!

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели уште еден проект кој бил дел од предизборната програма за парламентарните избори во 2016 година. Груевски зборуваше за формирањето на рурални развојни зони и нивното влијание врз животот на населението во руралните средини, земјоделието и економијата во државата.

Во продолжение го пренесуваме во целост Фејсбук-статусот на Груевски:

Отворивме многу нови перспективи и можности за многу граѓани со отворањето на технолошко индустриски развојните зони во близина на повеќе градови, како и индустриските зони исто така, сместени покрај неколку градови.

Дојдоа крупни меѓународни компании и отворија нови работни места но и бизнис за многу домашни компании како нивни снабдувачи на стоки или услуги. Многу граѓани останаа да живеат во Македонија заради ова. Инаку ќе немаа избор и ќе мораа да си заминат или ќе живееја во тешка сиромаштија.

Со овој проект многу помогнавме да се намали огромната невработеност, но остана прашањето со руралните средини и луѓето таму.

Таму речиси без исклучок големите меѓународни компании не сакаат да инвестираат заради малиот број на население, особено високо квалификувано, и со тоа малиот потенцијал за лица за вработување кои тие компании би го имале.

Проблемот со миграцијата од село или помали населени место во поголемите градови остана, и ако некогаш селото Галичник беше пример за живописно напуштено македонско село кое некогаш било полно со живот во текот на целата година, во последните години ги имаме многу нови како Галичник и допрва ќе ги имаме ако не се превземе нешто.

За таа цел во 2015 година развивме еден проект наменет да им помогне на помалите рурални средини. Да им помогне на тие кои таму или би можеле да имаат фирми, или се таму невработени. Тоа се луѓе кои имаат тежок живот. Со овој проект требаше и да се насочат дел од некои компании кои планираат да отворат погони од помал или среден обем или некој друг бизнис во руралните средини да се определат за овие средини. Не само што ги дадовме условите кои ги нудевме во ТИРЗ, туку понудивме и подобри услови.

Проектот кој го предложив во 2015 година, а го препознав од одењето на терен не беше лесен за разработка, па внимателно ги креиравме и дизајниравме условите, и тој стана дел од нашата изборна програма во 2016 година. Како и се друго што беше предложено од владата и партијата која ја предводев, без никаква анализа беше стопиран и заборавен и овој проект.

Еве што нудеше тој, и денес би можел да се предложи речиси без измени. Единствено можеби паричните средства кои како субвенции би ги понудила владата би се зголемиле за 40-50% заради инфлацијата и растот на цените во меѓувреме.

Практично, целата територија на тие рурални зони согласно Законот, сите тие околу 1.600 населени места, ќе беа третиран како рурална развојана зона. Каде и да сака во тие места некој да отвори бизнис ќе ја имаше помошта и условите од Законот за овие Рурални разбијни зони.

Така се крева селото и малите населени места. Така се задржува населението да не заминува а да има среќен живот и можности таму каде живее и така се привлекуваат сопственици на компании кои дури не се од таму, и можеби се од некој голем град, да започнат бизнис во руралните средини ако природата на нивниот бизнис тоа го дозволува.

Следува текст кој е оргинал пренесен од она што тогаш беше понудено.

***

Со проектот РУРАЛНИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја на Република Македонија, опфатени со овој проект.

Инвестициите ќе можат да се реализираат во рурални средини со следниве критериуми за локација:

>Населени места што ги исполнуваат условите од член 63 од Законот за земјоделство и рурален развој, односно се на листата на рурални подрачја;

>Опфатени со проектот ќе бидат и седишта на општини што имаат помалку од 10.000 жители според последните податоци од попис на населението;

>Во сите општини освен општините на град Скопје, ќе бидат опфатени сите населени места кои се на листата на рурални подрачја;

> Во населените места што припаѓаат кон општините на град Скопје, со проектот ќе бидат опфатени оние што се оддалечени повеќе од 5 км од седиштето на општината во која се наоѓаат.

Критериуми за инвестициите кои се опфатени со овој проект:

>Ќе бидат поддржани инвестиции во индустриски капацитети, откупно-дистрибутивни центри, хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа центри, болници и спортско-рекреативни центри;

> Инвеститорите ќе имаат обврска најмалку 80% од вработените да бидат нововработени лица коишто биле евидентирани како невработени во АВРМ подолго од 6 месеци; >Нема да се потпишат договори со компании што ќе го преселат производството, односно правни лица кои преку капитално и роднински поврзани правни лица сакаат да ја префрлат активноста (опремата и сл.) од место што не е опфатено со мерката;

> За проверка на горенаведените информации ќе се спроведуваат соодветни контроли;

Предвидени се следните мерки за поддршка на инвестициите во руралните зони:

>Ослободување од данокот на добивка за период од 10 години;

> Ослободување од персонален данок на доход за вработените, за период од 10 години; ослободувањето се однесува за висина на личниот доход до 3 просечни плати за лица со основно и средно образование, и до 5 просечни плати за лица со високо образование;

> Ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50% за период од 10 години;

>Ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште (ослободување од комуналии, кога е донесен ДУП),

>Брза трансформација на земјоделско во градежно земјиште за приватните парцели, на барање на инвеститорот;

>Продажба на државно неизградено градежно земјиште по почетна цена од 1 евро по квадратен метар;

>Финансиска помош при изградба на нов објект во износ од 20% од вредноста на инвестицијата, но најмногу до 500.000 евра по инвестиција;

>Ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за реализација на инвестицијата;

>Обезбедување на обука за вработените или нивна преквалификација од страна на АВРМ;

>Обезбедување грант за креирање на работни места – 2.000 евра за невработено лице евидентирано во АВРМ подолго од 6 месеци, и 4.000 евра за вработување стечаен работник;

>Ослободување од давачките за стандарден приклучок на електрична енергија, до моќност од 50 киловати;

>Изградба на основната инфраструктура (пристапен пат, снабдување со вода или изградба на бунар),

>Изработка на урбанистичка планска документација од страна на државата за секоја ваква локација (во зависно од условите и висината на инвестицијата; Државна или приватна сопственост);

>Осигурување за објектот во случај на пожар за период од 3 години по неговата изградба.

Со закон ќе се предвиди законски рок од 5 години за потпишување на договор меѓу заинтересираните лица и државата и дополнителни 3 години за изградба, односно реализација на инвестицијата.

Преку проектот ќе се поттикне економскиот и општествен развој во руралните средини и ќе се придонесе кон спречување на миграцијата од село во град, преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.

Поддршката и подобностите за заинтересираните инвеститори ќе бидат координирани преку посебна единица за техничка помош при Министерството за финансии.

Дополнително, и во рамки на општините ќе има задолжени лица, кои ќе обезбедуваат поддршка и помош за потенцијалните инвеститори.

На крајот од програмата на страна 503 беа наведени околу 1.600 населени места коишто се опфатени со проектот.

Ете такви поволни услови за бизнис и вработување се планираа за минатите 7 години. Ќе беа од голема помош за многу луѓе од руралните стедини особено во смисла на тоа да си останат во нивните родни места а да имаат работа и достоинствени услови за живот.

Со оглед дека ништо на овој план не е сторено, овој проект може и сега да се спроведе за оние луѓе кои се уште живеат во рурални средини каде можностите за вработување и бизнис се многу потешки отколку ви градовите. – напиша Груевски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…