Објавено на:

Груевски: Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и поразот на СДСМ – И со ум!

t

Судбината сакаше на денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да го поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните, така и на претседателските избори. – напиша на Фејсбук поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливито мнозинство народ жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници.

Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.

Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност.

Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана.

ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.

Честитам!

Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.

Со среќа!

И со ум! – напиша Груевски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…