Груевски: Што е резултатот од фештата од Александропулос пред три години?

t

ШТО Е РЕЗУЛТАТОТ ОД ФЕШТАТА ОД АЛЕКСАНДРОПУЛОС ПРЕД ТРИ ГОДИНИ?

Се сеќавате ли како пред околу три години на големо се потпиша договор за изградба на гасовод – интерконектор помеѓу Грција и Македонија, за кој првиот меморандум за соработка се потпиша уште во септември 2016 година и гасна централа за производство на струја која требаше да се гради на територија на Грција, а дел од капацитетот (25%) да го финансира Македонија со 100 милиони евра и во толкав дел да биде сопственост на Македонија?

Тогаш Заев и министрите со сите медиуми беа на потпишувањето во Грција, и тоа беше преставено како многу значајна инвестиција за енергетската иднина на Македонија, па слушавме како владата се грижи за иднината на Македонија, за граѓаните и слични фрази.

И? Што од тоа е реализирано?

Реализацијата е 0 (и со букви: нула).

Што се однесува до гасната централа не треба многу да жалиме, бидејќи ни тогаш ни денес не ми е јасно зошто на грчка, а не на македонска територија би ја граделе?

Ако веќе се задолжуваме за стотици милиони евра, таа постројка треба да биде на македонска територија а не на територија на друга држава, и само така можеме да градиме енергетска независност, а не зависност. И со сегашниот капацитет за гас, преку цевководот од Бугарија има доволно неискористен капацитет за гасификација на Македонија и градба на гасна централа за производтво на струја.

Но, приказната е тажна во делот на интерконекторот со Грција кој тогаш беше објавен како сигурен проект кој ќе биде завршен за две години и ќе чинеше околу 54 милиони евра од кои гранд на ЕУ во износ од 14 милиони евра.

По три години и четири неуспешни тендери за избор на консултант за тој проект, конечно беше избран консултант за проектот. И тоа е сѐ.

Тотално фијаско. Како и за сѐ друго.

Во меѓувреме околните земји дополнително се поврзуваат и вршат активни инвестоции во интерконектори меѓу државите и гасоводи, а бидејќи власта воМакедонија не е способна за ништо, Србија како на земја која чека милостина ни најави дека ќе не поврзале и нас, ќто претпоставува значи дека ќе изградат гасовод до макеоднската граница, со надеж дека ќе не поттикнат и нас ние да направиме до границата со Србија. Тоа е во ред од нивна старна, но срамота за нас како држава што досега седма година по ред немаме никаква активност во градење поврзувачки гасоводи со други земји од опкружувањето, а во план беа најмалку три: уште еден со Бугарија кај општина Ново Село, еден со Грција и еден со Србија.

Скопје и цела Македонија сеуште не се гасифицитани со секундарна гасификација. Каде застанавме во 2017 година таму стои.

Во делот на примарната гасификација го изградивме гасоводот Клечовце(Куманово)-Св. Николе-Штип, и гасоводот Штип-Радовиш-Квдарци/Неготино, но овие не ги пуштаат да работат бидејќи не направија секундарна гасификација, односно разгранета мрежа на цевки низ домовите, фабриките и економските зони.

Ги почнавме со градба гасоводите од Неготино преку Прилеп до Битола и од Скопје, преку Тетово до Гостивар, и еве веќе седма година како ни кажауваат дека само што не се готови. А по нашата програма од 2016 година требаше до 2020 цела Макеоднија да е гасифицирана, вклучувајќи и Гостивар, Кичево-Охрид-Битола, Штип-Хамзали-Гевгелија-грчка граница, Штип-Виница-Кочани-Пехчево-Берово, и краци за Велес, Крушево, Демир Капија, Демир-Хисар, Делчево, Дебар, Струга, Македонски Брод и сите поголеми населени места. Како да застана времето во Македонија. Нема сериозен напредок.

Последните гласини се дека со истиот концесионер од Грција со кој се планира склучување договор за концесија на ХЕЦ “Чебрен” се преговара за превземање на ТЕЦ Неготино и тие да го претворат во централа на гас.

Ако е ова точно, не разбирам зошто нашите нови инвестиции од нови задолжувања би биле на грчка територија, а оние кои веќе одамна постојат во Македонија и им треба дополнителна инвестиција, ќе ги продаваме на иста грчка компанија која е на пат да го добие ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Тиквеш во која најголем акционер е грчката држава?

Дали можеби постои некаков или нечиј неформален договор во кој Македонија треба да стане целосно енергетски зависна од Грција?

Фотографии од времето на градбата на гасоводите Клечовче(о.Куманово)-Штип, Штип-Неготино/Кавадарци, Неготино-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово Гостивар)

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Груевски: Што е резултатот од фештата од…

ШТО Е РЕЗУЛТАТОТ ОД ФЕШТАТА ОД АЛЕКСАНДРОПУЛОС…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Турција ги поништи сите енергетски договори со…

Турција ги суспендира работите со бушењето и…