Грците го прекинаа транспортот на руската нафта поради американските санкции

t

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа пратките на руска нафта за да ги избегнат американските санкции, изјавија четворица трговци, потврдувајќи ги податоците за испораката.

Според трговците, „Минерва Марин“, „Тенамарис“ и „ТМС Танкерс“ веќе неколку недели не превезуваат нафта од Русија.

Тенамарис рече дека не коментира за комерцијални прашања, а Минерва Марин и ТМС Танкерс не одговорија на барањето на Ројтерс да ги коментираат наводите на неименувани извори.

Од септември или октомври, трите бродски компании прифаќаат сè помалку руска нафта, според податоците на трговците и бродските агенти, а во ноември ги отстраниле барањата за изнајмување танкери, велат трговците кои претходно работеле со нив.

Повлекувањето на грчките транспортери уследи по построгиот режим на санкции на САД за превозниците и осигурителите кои опслужуваат руска нафта над 60 долари, како што беше договорено од групата на големи економии Г7.

Ограничувањето на цената беше воведено за да се намали приходот на Русија за финансирање на војната во Украина.

Во средината на октомври, американското Министерство за финансии воведе санкции за турската компанија Ice Pearl Navigation SA, сопственик на танкерот Yasa Golden Bosphorus и Lumber Marine SA со седиште во Обединетите Арапски Емирати, сопственик на танкерот SCF Primoyre.

Еден месец подоцна, министерството наведе уште три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати, Kazan Shipping Incorporated, Progress Shipping Company Limited и Gallion Navigation Incorporated и три брода во нивна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…