Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со речиси двојна разлика
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години е поразена од Грција со 48:78 во второто коло од Европското првенство А-дивизија што се игра во Скопје.
Грците уште во првата четвртина ја потврдија фаворитската улога кога воведните 10 минути ги добија до 8:25.
Високата предност, Грците ја одржуваа и во втората четвртина и на одмор заминаа со 20 поени предност (22:42)
Третата четвртина започна со серија од 1:7 на Грција, а одговорот на Македонија беше серија од 6:0 и тоа беше се што направија младите кошаркари. Грците до крајот на средбата ја зголемија предноста и на крајот славеа со 30 поени разлика 48:78.
Никола Јаничиќ со девет поени беше најпрецизен кај Македонија, додека кај победникот се истакнаа Филипос Цахцирас со 12 поени и 11 скока и Елефтериос Лиотопулос и Стилијанос Марагкудакис кои дадоа по 11 поени.
Во третото и последно коло од групна фаза, утревечер од 18.45 часот, Македонија ќе игра против Шпанија во натпревар кој ќе одлучува за второто место во групата Д.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…
Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…
Турист почина по каснување од пајак во…
Маж кој бил каснат од отровен пајак…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…