Грција им честиташе на Македонија и Албанија почеток на преговори со ЕУ
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис по првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија и Албанија упати честитки до нашата земја по повод отворањето на преговорите со ЕУ.
Тој потенцира дека за нив е важно „на север да имаат соседи Европејци и уште еднаш ја изрази грчката поддршка за интегративниот процес, но и важноста преговорите брзо да напредуваат“.
-Честитки до Албанија и Северна Македонија за започнувањето на пристапните преговори во ЕУ. Денеска во Брисел се одржа 1-та Меѓувладина конференција на двете земји со ЕУ и им ја изразив на премиерот на Албанија г-дин Еди Рама и премиерот на Северна Македонија г-дин Димитар Ковачевски поддршката на Грција во процесот на пристапување. Заедно ќе работиме за нашата заедничка европска иднина, објави грчкиот министер.
Посочи дека за нив е „многу важно овие пристапни преговори брзо да напредуваат, кои ќе дадат суштина и комплетирање на клучните национални барања, односно верно спроведување на Договорот од Преспа, но и правата на грчкото малцинство во Албанија, како националните, така и имотните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…