Грција пред одлука: Ќе пaдне ли вечерва владата на Мицотакис?
Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.
Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето.
Жестоката дискусија меѓу лидерот на СИРИЗА и премиерот дојде 24 часа порано од очекувањето, откако по говорот на министерот за климатска криза и цивилна заштита, збор побара Ципрас, а веднаш по него и Мицотакис.
Христос Стилијанидис, министерот надлежен за цивилна заштита, говореше за справувањето со снежната бура, рече дека постоеле пропусти, грешки, недостиг на координација, дека потребна е „воена соба“ (War Room) за брзо носење одлуки, но и дека земјата нема современи радари за навремена прогноза.
Сепак одговорност ја префрли на приватната компанија концесионер што управува со автопатот на кој со часови беа заглавени автомобили.
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, веднаш по говорот на Стилијанидис побара збор, порача дека извинувањето на Владата е лицемерно, побара да се објави записникот од состаноците и надлежните да кажат каде згрешиле.
-Кога се извинувате, ќе објасните зошто се извинувате. Ако ја префрлате одговорноста на другите, тогаш ова извинување, господине Мицотакис, е изговор, лицемерно е и ќе ви суди грчкиот народ. Во многу тешки моменти за мојата Влада презедов политичка одговорност и министри си поднесоа оставки. Тогаш велевте дека нема политичка одговорност без оставки, истакна Ципрас.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека преферира искрено извинување со самокритика, наспроти никакво извинување, ги спомена пожарите и поплавите во Атина за време на Владата на СИРИЗА, велејќи дека тогаш, од Ципрас не слушнале извинување за 120 мртви.
Во однос на снежната бура и заглавените возила, повтори дека иако постоеле грешки, сепак најголемата одговорност ја има приватната компанија што управува со автопатот, а не државата.
-Што се однесува на прашањето со снегот, сакам да ви кажам дека ниту еден метеоролог не го предвиде обемот на снег што падна во центарот на Атина. И за разлика од други снежни бури, снегот паѓаше напладне, обично паѓа ноќе, а ниту еден метеоролог не предвиде дека ќе падне половина метар во центарот на Атина и во северните предградија, рече Мицотакис.
Додаде дека ако имале можност за такво предвидување, тогаш градот ќе го затвореа уште од претходната вечер и објасни дека не станува збор за политичка храброст, туку за искористување и анализа на податоците што се на располагање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…