Грција претера: Секој кој нема да прими трета доза ќе се смета за невакциниран

t

Грција не остава на случајноста и ги засилува мерките за заштита од коронавирусот, а како што пренесуваат темошните медиуми, боцкањето со трета доза од вакцината станува задолжително од следниот месец.

Министерот за здравство Танос Плеврис изјави дека, почнувајќи од 1 февруари, луѓето кои нема да примат трета доза нема да можат да пристапат до места кои се резервирани за вакцинирани, оти нивниот вакцинален сертификат ќе се смета за нецелосен.

– Сите оние луѓе кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, нема да можат да пристапат до местата резервирани за вакцинирани. Мерката ќе биде активирана на 1 февруари оваа година. Тоа значи дека сите оние кои не примиле дополнителна доза, а поминале седум месеци од претходната, ќе се сметаат за невакцинирани. Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица – појасни министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…