Грчева: ЕУ практично стана шверцер на нафта, ова е ступидна ситуација

ЕУ практично стана шверцер на нафта, вели претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева.
Го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус во продолжение:
– Продолжение на серијалот: “Имало и бетер од нас”
ЕУ уште на почетокот на војната, донесе забрана за увоз на руска нафта. И што се случи?
Сите други произведувачи од OPEC ги откачија, бидејќи немаат повеќе капацитети. Сега ЕУ увезува нафта од Кина, Индија, Саудиска Арабија… ама чија нафта? Се разбира руска, само по многу повисока цена. Од втора, трета рака. Цените во цела Европа отидоа до бесвест и уште ќе одат. Постои сериозна опасност од целосна деиндустријализација. А пак ЕУ практично стана шверцер на руска нафта. Русија од друга страна, за помалку продадена нафта, добива повеќе пари.
Сите мерки (санкции) кои ги носат ми личат на една ступидна ситуација. Ви ги згазнува некој намерно прстите од ногата, и за да му вратите, си ги сечете прстите.
P.S. Инаку во Прага денес 70.000 луѓе протестираат против владата и бараат НЕУТРАЛЕН статус на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…
Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…
Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…