Грчката полиција уапси лице со пушка пред парламентот
Грчката полиција денеска уапси 37-годишен маж кој носел ловечка пушка пред зградата на парламентот, по кратката пресметка со припадниците на полициската тактичка единица. Полицаец од полициската управа во Атина за агенцијата АП изјавил дека денешниот инцидент траел нешто повеќе од еден час и дека нема повредени.
Полицаецот, кој побарал да остане анонимен најавувајќи официјалното соопштение, рекол дека биле ангажирани и полициски преговарачи и дека сообраќајот околу зградата на Собранието бил пренасочен непосредно пред да биде уапсен мажот.
Осомничениот, кој бил донесен на сослушување, не бил именуван во согласност со грчките закони и бил идентификуван само како 37-годишен Грк.
Грчката државна телевизија објави дека мажот седел на душек пред стражарското место во Собранието, пред да пристигнат службениците на тактичката единица.
Според американската агенција, ова е втор безбедносен инцидент кај грчкото Собрание во последните седум месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…
Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…