Грчката фирма се уште не објаснила зошто не го продолжила договорот за „Чебрен“
Грчката фирма „Архиродон“ до денеска се уште не одговорила зошто не го продолжила договорот и не ја продолжиле банкарската гаранција. Според министерката за животна средина, Каја Шукова, следните чекори се поништување на тендерот.
-Веќе подготвуваме одлука за наредната седница на Влада, ќе оди информација за поништување и затворање на процесот за Чебрен, рече денеска Шукова пред панел-дискусијата „Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“.
Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за изградба на хидроцентралата Чебрен.
ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.
Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Скандал: Фирма на министерката Божиновска должела…
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денес го објавуваме…
Пред фирма со нож нападнал колега –…
На 14.06.2024 во 14.30 часот, полициски службеници…
Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…
Само како трагедија може да се оквалфикува…
Грчката фирма се уште не објаснила зошто…
Грчката фирма „Архиродон“ до денеска се уште…
„Чебрен“ ќе ја чека новата Влада: Нема…
Деценискиот проект „Чебрен“ ќе ја чека новата…