Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин „Евзони“
Земјоделците од северниот дел на Грција, од регионот на Пеонија, кусо по 12 часот по локално време повторно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што целосно е во прекин сообраќајот за сите возила како за излез од Грција, така и за влез во земјата.
Непознато е колку долго ќе трае блокадата на граничниот премин, што беше периодично затворен и вчера и завчера.
Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на преминот и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.
На грчката страна од границата, паркирани се околу 150 трактори и возила.
Земјоделците низ цела Грција имаат поставено блокади, претпладнево се обидоа да стигнат и до граничниот премин Промахонас со Бугарија, каде што успеаја да ја заобиколат полициската блокада, додека пак во областа Тесалија, каде што има блокади на неколку места на автопатот Солун-Атина, вклучени се над 4.000 трактори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин…
Земјоделците од северниот дел на Грција, од…
Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин „Евзони“…
Грчките земјоделци од 12 часот по локално…
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во…
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето…
Силна бура и дожд во Грција: улиците…
Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни…
Грција нема да го предаде Аце „Циганот“…
Аце Боцевски, кој 28 години успеваше да…