Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин „Евзони“ кон Македонија

t

Грчките земјоделци од 12 часот по локално време го блокирале граничниот премин Евзони кон нашата земја, како за влез, така и за излез од Грција, а не се знае до кога ќе трае блокадата.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во конкретниот дел собрани се над 150 трактори и земјоделски возила, а блокадата на земјоделците од областа Пеонија постојано се зајакнува.

Граничниот премин беше затворен и вчера во 18 часот, првично беше блокиран влезот во Грција само за камиони, а потоа земјоделците продолжија со општа блокада, се до полноќ.

Блокади има и во други делови на Грција, кај патарината на излез од Солун на автопатот за Атина, како и во близинс на градовите Лариса и Кардица на истиот автопат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…