Објавено на:

Грчкото МНР со поддршка и солидарност за Кипар по заканите од Хезболах

t

Заканата за употреба на сила е јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, реагираа од грчкото МНР, преку платформата Икс заканите упатени од лидерот на Хезболах до Никозија, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис рече дека јавните тврдења „за вмешаноста на Кипар преку неговата инфраструктура или неговите територии во случај на конфронтација поврзана со Либан се целосно неосновани“.

-Кипар е силен поддржувач на решавањето на конфликтите преку мирни средства и дијалог, согласно меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, рече Летибиотис.

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, во средата, коментирајќи ја изјавата на лидерот на Хезболах Хасан Насрала порача дека „Република Кипар не е дел од проблемот, Република Кипар е дел од решението“.

Насрала во телевизиско обраќање во средата рече дека би можеле Кипар да го сметаат за вклучен во војната ако продолжи да му дозволува на Израел да ги користи своите аеродроми и бази за воени цели./МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…