Густаво Петро е новиот претседател на Колумбија
Левичарот и поранешен герилец, Густаво Петро е избран за нов претседател на Колумбија, прв од редовите на левицата во колумбиската историја.Петро освои 50,5 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат, независниот Родолфо Хернандез, гласаа 47,3 проценти од граѓаните. На изборите гласаа околу 20 милиони луѓе од Колумбија.
Шеесет и двегодишниот Петро победи со разлика од 716.890 гласови. Во предизборните анкети, двајцата кандидати беа речиси изедначени.
Сенаторот и поранешен градоначалник на Богота победи при третиот обид, ветувајќи борба против нееднаквоста со бесплатно универзитетско образование, реформи во пензискиот систем и високи даноци на непродуктивното земјиште.
Петро за потпретседателка ја кандидираше Франција Маркез.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ѝ честиташе на Колумбија на „слободните и фер“ избори.
„Се радуваме на нашата соработка со новоизбраниот претседател Петро на континуирано зајакнување на американско – колумбиските односи и насочување на нашите народи кон подобра иднина“, се наведува во соопштението на Блинкен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Колумбија запленети 800 килограми кокаин
Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800…
(Видео) Свлечиште проголта автомобили, се трага по…
Сликите на социјалните мрежи го покажуваат моментот…
Колумбија го избрка израелскиот амбасадор од земјата
Колумбија го избрка израелскиот амбасадор од земјата…
(Видео) Се урна мал авион во сред…
Мал авион се урна во населено место…
Претседател на колумбиски фудбалски клуб убиен по…
Колумбискиот фудбалски второлигаш Тигрес соопшти денеска дека…