Колумбиски претседателски кандидат застрелан во глава за време на митинг
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбеј (39) беше застрелан три пати, наводно двапати во главата, за време на предизборен митинг во главниот град Богота, објавија локалните медиуми. Toj e во критична состојба.
Полицијата уапси 15-годишен осомничен на местото на настанот, објави Би-Би-Си. Урибе беше нападнат додека се обраќаше пред мала група луѓе во парк во саботата. Неговата партија Демократски центар го осуди нападот, велејќи дека „го загрозува животот на политички лидер… демократијата и слободата во Колумбија“.
Видео објавено на интернет покажува како Урибе е застрелан во главата, а потоа панично бегаат луѓе. Болницата соопшти дека Урибе бил застрелан во коленото и двапати во главата. Тој бил префрлен со хеликоптер во клиниката Санте Фе, каде што се собрале неговите поддржувачи. Колумбиската влада го осуди нападот врз Урибе како „чин на насилство не само против неговата личност, туку и против демократијата“. Колумбискиот претседател Густаво Петро ја обвини криминалната група на Албанецот Дритан Ѓика за обид за атентат врз него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж е пронајден жив под урнатините речиси…
Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со…
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Бројот на жртви во Колумбија надмина 100,…
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде…