ГШ на украинските вооружени сили: Русите жестоко напаѓаат на сите делови на фронтот

t

Руските сили напаѓаат речиси на сите делови од фронтот, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Како што се наведува во соопштението, најжестоките борби во изминатите 24 часа се воделе во правец на Маринка, каде украинските војници одбиле повеќе од 20 напади.

Украинските сили ги одбија руските напади во правец на Купјанск и продолжуваат со офанзивните операции јужно од Бахмут, јави агенцијата Униан.

Руските трупи не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници цврсто ја држат својата одбрана, се вели во соопштението.

Се додава дека руските напади биле одбиени и во правец на Запорожје, а украинските одбранбени сили продолжуваат со офанзивната операција во правец на Мелитопол. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…