Дали Беса Адеми ќе изгори десетици милиони евра од буџетот само за да им удоволи политички на Заев и Мицкоски?

t

На 12-ти Април 2016 година Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлуки за помилување- ослободување од гонење без спроведување на постапка за 56 лица кои беа мета на тогашното Специјално јавно обвинителство, кое неколку години подоцна заради криминал и рекет заврши неславно.

Неговото образложение и став беше дека тогашната политичка криза била нечиј туѓ интерес и за нечии туѓи цели. Иванов сметаше дека некој сакал преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел.

“Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија“, изјави тогаш Иванов.

Два месеци подоцна, кон крајот на Мај 2016 година, под огромни политички притисоци, физички закани, напади и палење на службените претседателски канцеларии, Иванов потклекнува, ја менува одлуката и им го одзема правото на лицата кои беа аболирани да добијат помилување од Претседателот на државата и со тоа се вжештува политичкиот прогон против нив.

Еднаш дадена аболиција, не може да се повлече!

Судската голгота и политичкиот прогон кој следеше понатаму ги натера пргонетите правдата да ја бараат во Судот за човекови права, па следа десетици тужби за различни предмети и по различни основи од страна на лицата на кои им беше повлечена аболицијата.
Европската пракса на судот во Стразбур преточена преку случајот Лекса против Словачка е јасна. Поранешниот шеф на словачкото разузнавање во 1998 година е помилуван од страна на Претседателот, Владимир Мечијар, а подоцна парламентарното мнозинство му ја поништува аболицијата овозможувајќи кривичен прогон, по што следува процес во Стразбур кој завршува во полза на Лекса. Стразбур заклучува дека еднаш дадена аболиција не може да биде повлечена.
Иако одлуките на Стразбур имаат правна сила во Македонија, судовите во земјава немаат храброст да ја испочитуваат судската практика и по цена државата да претрпи уште еден срам, врелиот костен околу аболицијата го префрлаат на судот за човекови права.

Стразбур ги прифаќа апликациите на сите засегнати од Mакедонија, што според познавачите на состојбите значи дека размислува во насока на претходното искуство. Сепак постапките во Стразбур се долги и бараат детално разгледување и на позициите на државата и на позициите на засегнатите страни.

Така после скоро седум години, во Февруари годинава, Стразбур откако претходно ги повика страните да се договорат, донесе делумна одлука со која ги повика засегнатите да ги исцрпат сите правни лекови пред да биде побарана финална одлука на судот. Тоа значеше да се чека предметите да го завршат својот пат низ судските лавиринти, односно да дојдат до последната инстанца, Врховнот суд.

Засега тоа се случи само со предметот „Транспортер“ против поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски, каде совет во Врховниот суд кој одлучува по неговиот предмет, барањето за признавање на аболицијата го отфрла и му отвара простор правдата да ја бара и добие во Стразбур, што не е случај со другите предмети.

За разлика од нашите судови, еднаш дадената аболиција и евентуалното нејзино повлекување не е никаква правна дилема за европските судови вклучувајќи го и Врховниот суд на Грција.
Горан Груевски и Никола Бошковски кои беа аболирани, но сепак политичкиот прогон против нив продолжи, заминаа за Грција и таму побараа азил. Грчките власти го одбија барањето за екстрадиција и им доделија азил откако претходно тамошниот Врховен суд се повика на аболицијата на Иванов како валиден акт и заклучи дека двајцата се жртви на политички прогон што е скандалозно за земја која што е кандидат за членство во ЕУ.

Од што се плаши Беса Адеми и одбива да дискутира за аболициите и Стразбур

Зошто на Врховниот суд би му било проблем да одржи Општа седница и да донесе начелно правно мислење или начелен став по однос на аболициите ?

Дали за Беса Адеми е нерелевантна европската пракса и случајот „Лекса против Словачка“ ?
Дали за Беса Адеми се неписмени или корумпирани нејзините колеги од Врховниот суд во Грција, која е земја членка на ЕУ ?

Од што се плаши Беса Адеми ? Дали од тоа што може да се покаже правно непознавање на материјата или од евентуалната одлука која би можела да не им се допадне на некои поединци во власта и опозицијата ?

Дали за Беса Адеми е небитно што десетици човечки судбини зависат од одлуката на судот или воопшто не ја загрижува тоа што може со години да се развлечат процесите, а со тоа да се зголемат трошоците по секој предмет поединечно, па дури потоа Стразбур да се произнесе ?

Дали Беса Адеми е подготвена да понесе одговорност доколку Стразбур одлучи во полза на апликантите ?

Дали Беса Адеми би ги подмирила сите трошоци кои ги направила државата и ќе ги сноси како пенали по одлуката на Стразбур ?

За што се избрани Беса Адеми и нејзините колеги во врховниот суд и за што земаат огромни плати доколку не сметаат дека треба да се произнесат за вакви чувствителни прашања ?
Незгодни се одговорите на сите овие прашања, но само тие може да го откријат вистинскиот мотив на Претседателката на Врховниот суд за жестокото противење да не се расправа за аболицијата на Иванов на општа седница.

Пред неколку дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски директно ги нападна судиите во Врховниот суд, заканувајќи им се и со кривична одговорност доколку помислат да одлучат во насока на Стразбур.

„Треба отворено да ги кажуваме работите, а тоа е дека тие се обидуваат да влијаат врз судиите , кои се дел од Врховниот суд да ја сменат својата одлука која што е веќе еднаш донесена за еден ист таков предмет, а тоа е одлуката во која што врховните судии дадоа негативно мислење за важењето на аболицијата дадена од претходниот Претседател Ѓорге Иванов и на тој начин тие ценат дека поединци кои што се опфатени со таа одлука ќе бидат амнестирани во пакет со кривичниот законик, со некои други гимнастики и на тој начин ќе направат повторно некаков проблем во Македонија и ќе предизвикаат криза“ изјави Мицкоски.

Неговото застранување од ставот на ВМРО ДПМНЕ и доближувањето до позицијата на Заев по однос на аболициите финишираше со заканата „Јас ги охрабрувам судиите да не подлегнуваат на какви било политички притисоци затоа што набргу од денеска, доколку се случат вакви гимнастики и политички комбинаторики ќе има одговорност, не само професионална, туку и кривична“.

Мицкоски не појасни како тој, како извршна власт би ги заменил судскиот совет и обвинителството во проценките која одлука на судот е политичка и за каква одлука треба да се покрене постапка за одговорност.

Факт е дека од февруари 2021 година, откако Беса Адеми ја презеде највисоката позиција во судската власт, судството во Македонија е во слободен пад, а процентот на граѓани кои имаат доверба се движи во рамки на статистичка грешка.

Факт е дека Врховниот суд може да бега од својата одговорност уште кратко. Политичките влијание во судот во Стразбур не минуваат и таму во наредните неколку месеци ќе биде донесена мериторна одлука барем по првиот предмет „Транспортер“ кој ги мина сите инстанци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…