Дали кризата ќе го направи српското жито ново “суво злато”?

t

Српското жито, во екот на војната во Украина, речиси би можело да чини колку суво злато. Кризата во Украина уште еднаш покажа колку вреди српското жито, пишува Новости.

И додека жетвата на украинската пченица е доведена во прашање, притисокот врз Србија расте, бидејќи многу земји од ЕУ сакаат да дојдат до српско жито. Во есенската сеидба пченицата е засеана на 630.000 хектари, што е значително повеќе отколку што и е потребно на земјата.

Производството на пченица, во овие услови, стана богатство, па не е чудно што една земја од ЕУ ги андидатираше постоечките договори за да дојде до српската пченица и пченка.

Речиси и да немаше дипломатски скандал бидејќи пријавените барања ја надминуваат учтивоста на дипломатската практика.

Државните служби сега ги чешлаат сите договори кои се склучени пред одлуката на Владата за забрана за извоз на пченица, брашно, пченка и сончогледово масло. Со фалсификување документи се зголемуваат количините жито што се предвидени во оригиналните договори.

Минатогодишниот принос на пченица изнесува 3,5 милиони тони. На Србија и требаат околу 1.550.000 тони, што значи дека остатокот може да се извезе.  Србија се уште има доволно пченица за извоз, но Владата стави забрана и рестрикции. Вакви количини можат да одат само за Македонија, Албанија и Италија.

„Најмногу извезуваме пченка и пченица во Романија и Италија, а потоа во БиХ, Северна Македонија, Албанија, Австрија, Црна Гора и Германија“, вели Бранислав Гулан, агроаналитичар.

Додека Србија се обидува да го стабилизира сопствениот пазар со забрана на извозот, цените на светските берзи за пченка и пченица вртоглаво растат. Така, како што изјавија за Новости во Продуктната берза Нови Сад, пченицата во Чикаго минатата недела чинела 384,05 долари за тон, додека во Париз била 364,50 евра за тон.

Пченицата вчера се тргуваше во Чикаго по цена од 405,51 долари за тон, а во Париз за 399,25 евра за тон. Тоа значи дека цената на пченицата во Америка се зголемила за 5,6 отсто, а во Париз за 9,5 отсто и тоа само за една недела.

„Покрај војната во Украина, цената на пченицата во Чикаго расте и поради сушата во тие области, но и инфлацијата“, истакнуваат тие.

„Во Франција генерално се сее помала површина. А Украина, на крајот, влијае на сите.“

Што се однесува до Србија, минатата недела се тргуваше по цена од 34,70 до 35,50 динари за килограм, без ДДВ. Имаше понуда за 36 динари, но побарувачка немаше. Неделава се тргуваше по цена од 35,50 динари за килограм, без ДДВ. Тоа се претежно домашни преработувачи.

Поради војната во Украина, но и поради забраната за извоз на житни култури од Русија, се проценува дека околу 30 отсто од светот би можеле да останат без пченица. Особено ако се знае дека овие две земји учествуваат со околу 30 отсто во светскиот извоз на пченица, а околу 20 отсто во пченка. Сега во стоковите резерви на Србија  има 800.000 тони пченица и еден милион тони пченка.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…

Вучиќ: Кинезите ме предупредија дека доаѓа обоена…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше за…