ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ… БЕТОН?!
ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ… БЕТОН?!
Коалицијата „Менуваме“ – со сите свои необичности и прашалници – очигледно верува дека да, тие го заслужуваат тоа.
Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од Општина Кисела Вода, најдобриот начин да им се служи на кутрите слепи деца е да… се постави бетон врз нивниот единствен употреблив простор?
Еве ја реалноста:
Овој простор е бетониран повеќе од 30 години. Некогаш бил вистински спортски терен, опремен со вештачка трева и балонска купола за зимска употреба.
Но што се случи?
Благодарение на неразбирливите одлуки на Горанчо Јакимоски – крајно некомпетентниот тогашен директор во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје а сегашен директор во основното училиште Кирил Пеќиновик и другар на Градонсчалникот Орце Ѓорѓиевски – – теренот остана неискористен и запоставен. Наместо да го ревитализирараше сега читаме фалби што го нарекуваат „инклузивен сообраќаен полигон“? Навистина?
Ве прашуваме:
Како точно ќе бидат „вклучени“ слепите деца во овој таканаречен „инклузивен сообраќаен полигон“?
Дали ќе бидат научени да возат велосипеди? Мопеди? Електрични тротинети? И, една фрапантна небулоза, на тој инклузивен сообраќаен полигон треба да се подготвуваат идните учесници во сообраќајот во Скопје од категорија слепи и слабоводни ученици со добивање на ЗНАЕЊА од областа на сообраќајот, бидејќи целта, улогата и намената на овој полигон, како и на секој, воопшто, е тоа. А, каде гледате СЛЕПИ , СЛАБОВИДНИ учесници во сообраќајот на некој град, особено во Скопје? Невозможна мисија се подготвува, почитувани многуилјадни учесници во сообраќајот, ќе имате привилегија да се возите низ улиците на Сколје ЗАЕДНО со лица кои што се СЛЕПИ ИЛИ СЛАБОВИДНИ, па сега вие бидете колегијални кон нив!!!???
‼Ова не е инклузија – ова е сурова реалност.
‼Наместо да го реставрирате спортскиот терен – да поставите нова, квалитетна вештачка трева, да ја оградите за да ја заштитите од животни скитници и да ја претворите во безбедно, забавно, достапно место за играње и развој на слепите деца – го обоивте со 20 литри бела асфалтна боја.
‼Точно така.
Потрошивте 10.000 денари за боја… ви подаривме речиси 2.000 квадратни метри за проширување на улица – претворајќи ја улицата Ѓорѓи Димитров во „инклузивен сообраќаен полигон“.
‼За нас, тоа не е само лоша политика – тоа е навреда.
Навреда за децата, за нивните семејства и за секој што разбира што навистина значи инклузија.
Со загриженост и почит
#КОАЛИЦИЈАМЕНУВАМЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ… БЕТОН?!
ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ... БЕТОН?! Коалицијата…
Руски научници создадоа „хемиски коктел“ против стареење…
Научниците од Националниот истражувачки универзитет Нижни Новгород…
Пожарот во Јасен повторно активен – до…
На ден 31.08.2025, на територија на Македонија…
Мерц: Подготвен сум војната во Украина да…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е…
Четири лица, меѓу кои и деца повредени…
На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на…