Пожарот во Јасен повторно активен – до 18 часот 12 пожари на отворен простор!
На ден 31.08.2025, на територија на Македонија има 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден по контрола и 8 изгаснати, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Повторно се активира пожарот во Македонски Брод, НП Јасен каде што гори мешана шума. Активни се и пожарите во Кавдарци, с. Фариш и депонијата Вардариште во населба Гази Баба. Под контрола е пожарот на планината Кожуф во Гевгелија.
Изгаснати се пожарите во Делчево, градска депонија, Општина Ѓорче Петров, кај Лепнец; Општина Сарај, кај езеро Треска и Општина Центар, Кеј 13 Ноеврми каде што горело ѓубре. Во Илинден, с. Миладиновци, ниска вегетација а, кај индустриската зона Бунарџик горело патничко возило и ниска вегетација; Куманово кај филтер станица ниска вегетација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…