Објавено на:

Дали “султанот” ќе го запре “царот”? Ердоган и Путин на средба во Сочи

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ероган за прв пат од почетокот на војната во Украина ќе отпатува во Русија. На 5 август тој треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, кому неколкупати апелираше да ја запре инвазијата на Украина. Иако многумина се обидоа да влијаат врз одлуките на Путин, Ердоган ги постигна најдобрите резултати досега, што го наметнува прашањето – дали „султанот“ може да го запре „царот“.

Иако претходно беше објавена веста за заминувањето на Ердоган во Сочи, веднаш не беше прецизирано каков ќе биде неговиот распоред во Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, набрзо потврди дека се планирани средби меѓу двајцата лидери, кои веќе се сретнаат и разговараа на самитот во Иран пред неколку недели.

Посетата на Ердоган следува веднаш по потпишувањето на договорот меѓу Русија и Украина во Истанбул, кој се смета за историски и се однесува на деблокирање на украинските пристаништа и извоз на нејзиното жито.

Но, како што беше потпишан договорот, така беше и експресно прекршен . Сега постои можност Ердоган да го сврти вниманието на Путин односно да го искритикува поради непочитувањето на договорот, чиј гарант е Турција.

Молба или укор

Имајќи предвид дека Ердоган лично вложи време и напор во создавањето на договорот за извоз на украинското жито , а потоа преговараше со украинската и руската страна за конечниот потпис на одоговорорт , не е невообичаено што тој силно реагираше на неговото грубо прекршување.

Имено, само 20 часа откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков го потпишаа договорот во Истанбул, руските сили ја гранатираа Одеса – клучно пристаниште на Црното Море.
Одеса беше една од главните точки на договорот, имајќи предвид дека најголемото количество жито беше заробено токму во ова црноморско пристаниште.

Меѓутоа, руските ракети, со кои епсресно беше прекршен договорот, го привлекоа вниманието на светските претставници, особено на Реџеп Тајип Ердоган и на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, кои со своите потписи се согласија да гарантираат исполнување на договорот.

„Султановото“ посредување

Иако во изминатите месеци многумина се обидоа да се позиционираат како врска меѓу Киев и Москва, што ќе помогне да се стави крај на војната во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, непобитен е фактот дека Ердоган постигна најдобри резултати.

По неколкунеделни преговори, Турција и Обединетите нации успеаја да направат договор за извоз на жито од Украина, кој симболично беше потпишан во Истанбул, во палатата Долмабахче.

Претходно на истото место се одржа средба на шефовите на дипломатиите на двете завојувани страни – Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба.

Ердоган и неговата администрација никогаш не криеле дека всушност сакаат да бидат посредник кој ќе донесе мир во светот, но и дека нивниот план е конечниот мировен договор меѓу Русија и Украина да биде потпишан во Истанбул.

Самиот претседател на Турција во неколку наврати им понуди на Путин и Владимир Зеленски да се сретнат во неговата земја, со посредство на официјални лица и администрацијата на градот кој се наоѓа на два континента.

Инвазија на посредници

За многумина необична беше ситуацијата во која војната започнува еден ден, а мировните преговори само три дена подоцна. Сепак, преговорите меѓу украинската и руската делегација започнаа на 27 февруари, точно три дена откако Владимир Путин најави почеток на „специјална воена операција“ во Украина.

Зеленски инсистираше преговорите да се одвиваат на неутрална територија, истакнувајќи ја Полска како најдобра опција. Неговиот руски колега не се согласил со тоа барање и како локација тогаш ја предложи Белорусија.

Имајќи предвид дека Полска во моментов е најголемиот сојузник на Украина, а Белорусија на Русија, јасно е зошто ниту една од овие земји не е неутрална, но и зошто лидерите на двете завојувани земји инсистираа на тоа.

Кога Александар Лукашенко официјално понуди да организира средба меѓу двете делегации, Зеленски првично одби, но по разговорот со лидерот на Белорусија, тој се согласи да испрати преговарачи.

Покрај Ердоган, како посредници се истакнаа израелскиот премиер Нафтали Бенет, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, но ниту еден од овие лидери не успеа да го принуди Путин да преговара со Зеленски.

По ова прашање Русија беше јасна – прво мировен договор за кој ќе преговараат делегациите, а потоа средба меѓу двајцата претседатели.

По средбата во Истанбул, делегациите ги продолжија преговорите во онлајн формат, за официјално да бидат прекинати на 17 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…