Објавено на:

Данска ги засилува граничните контроли поради палењата на Куранот

t

Антиисламските активисти во Данска и Шведска запалија и оштетија неколку копии од муслиманската света книга во последниве месеци, што предизвика бес низ муслиманскиот свет и бараат од владите да ги забранат таквите дела.

„Властите денеска заклучија дека во овој момент е неопходно да се зголеми фокусот на тоа кој влегува во Данска, за да се одговори на конкретни и актуелни закани“, се вели во соопштението на данското министерство. Засилените гранични контроли ќе стапат на сила од 10 август, се вели во соопштението.

„Неодамнешното палење на Куранот, како што тврди безбедносната полиција, влијаеше на моменталната безбедносна ситуација“, рече во изјавата министерот за правда Питер Хумелгард. Одлуката за заострување на граничните контроли со повеќе проверки на патниците кои доаѓаат во Данска уследи по сличниот потег на Шведска.

Двете влади го осудија палењето и рекоа дека размислуваат за нови закони кои би можеле да го запрат. Но, домашните критичари велат дека ваквите одлуки ќе ја поткопаат слободата на говор заштитена со нивните устави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…