Објавено на:

Данците се изјасните преку референдум: „За“ учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ

t

Три месеци после руската инвазија 67 отсто од граѓаните на Данска се изјаснија „за“ учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ, покажуваат обработените резултати од вчерашниот референдум.

„Данска вечерва испрати важна порака до нашите сојузници во Европа и НАТО и (до претседателот Владимир) Путин. Покажавме дека кога Путин напаѓа слободна земја и ја загрозува европската стабилност, ние, другите земји, се обединуваме“, изјави синоќа премиерката Мете Фредериксен. Таа уште нагласи дека Европа постоела и до 24 февруари, пред руската инвазија, а ќе постои и по неа.

Данска е членка на ЕУ од 1973 година, но во 1992 година беше против трансферот на поголеми овластувања на Брисел, кога 50,7 отсто од Данците го отфрлија Договорот од Мастрихт, основачкиот договор на Унијата. За да стапи во сила тој мораше да биде ратификуван од сите земји-членки. За да ги убеди Данците да го поддржат договорот, Копенхаген преговараше за серија исклучоци и Данците конечно го поддржаа „Мастрихт“ во 1993 година.

Данска остана и надвор од единствената европска валута отфрлајќи го еврото на референдумот во 2000 година, како и од заедничките политики на унијата во областа на правосудството, на внатрешните работи и на одбраната.

Изземањето од одбраната значеше дека таа скандинавска земја што е една од основачките на НАТО, не беше дел од заедничката надворешна политика на ЕУ кога е во прашање одбраната и не придонесуваше во воените мисии на Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…