Објавено на:

Дарио Ивановски од Македонија и Билсерин Сулејман од Бугарија најбрзи на денешната трка ХалкЕко Скопје трча 10 км

t

Трката која се здоби со сертификат од Светска атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, утрово се одржа по седми пат. Околу 1500 натпреварувачи ја започнаа трката од фонтаната „Лотос“ и на истото место ја завршија оваа десеткилометарска трка.

ХалкЕко Скопје трча 10км е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А.К. Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје.

Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е Дарио Ивановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.

Кај дамите целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.

„Од локална трка која започна пред 7 години, ХалкЕко Скопје трка 10км прерасна во меѓународна трка. Оваа трка е втората трка во Македонија која е светски признаена од АИМС и Светска атлетика. Секоја година се зголемува бројот на учесници на оваа трка, што докажува дека нашите граѓани го сакаат трчањето и здравиот начин на живот. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците и ги поздравувам сите кои учествуваа на седмото издание на ХалкЕко Скопје трча 10км“- изјави Гордана Николовка од Сојузот на спортови на Скопје.

Оваа трка, како и сите останати трки кои се под палката на Сојузот на спортови на Скопје се мотивација за сите учесници, кои го даваат својот максимум, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави и спортски навики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…