Дачиќ: Политиката на Србија e зачувување на интегритетот и српскиот народ во Косово

t

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека надворешната политика на Србија е во согласност со внатрешните интереси за да се зачува територијалниот интегритет и српскиот народ на Косово.
„Србија води независна и суверена надворешна политика која е во согласност со нејзините внатрешни интереси за да го зачува територијалниот интегритет и српскиот народ на Косово и Метохија“, изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Тој посочи дека Белград не води политика под ничие влијание, како и дека Србија не може да има негативен однос кон Русија и Кина, а да очекува нивна поддршка во меѓународните институции.

За коментарите на хрватските претставници за надворешната политика на Србија, Дачиќ рече дека ваквата реторика од официјален Загреб не е поради изборите во таа земја, туку „атмосферата со години што го одразува мислењето на хрватските власти дека Србија е „друг свет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…