Дачиќ: Пронајдено тело на бебе при потрагата по настраданите мигранти во Дрина
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР при пребарување на Дрина во месноста Љубовија, каде што се преврте чамец со илегални мигранти, пронашле и тело на бебе, додека полицијата на Република Српска го извадил телото на уште едно машко лице од Дрина.
– За време на претрагата на теренот, која од синоќа интензивно се спроведува, припадниците на Министерството за внатрешни работи денеска околу 15:30 часот пронајдоа безживотно тело на деветмесечно бебе во местото Лоњин низводно од Дрина, во близина на брегот. За жал, тоа е десеттата жртва од превртувањето на чамецот со илегални мигранти кои од Србија се обиделе да ја преминат оваа река меѓу местото Дрлаче кај Љубовија и Орлица во општина Зворник, се вели во писмената изјава на српскиот министер за полиција.
Според соопштението, бебето било со мајката чие тело претходно денеска било извлечено од реката.
Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи досега извлекле тела на шест мажи, жена и бебе, додека припадниците на полицијата на Република Српска пронашле тела на двајца мажи.
– Потрагата продолжува, информира Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…