Дајте музика со две златни бубамари и најава за голем концерт!

t

Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, која годинава се одржа под мотото „Да живнеме“, „Златна Бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: еден за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година.

Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената на „Златна Бубамара на популарноста“ прв пат застанаа во февруари 2020 година. Оттогаш, како што и самите истакнаа, многу работи се сменети. Освен што се пораснати, тие за наградата рекоа:

„Снимивме вкупно 90 епизоди од серијалот, ја претставивме Македонија на јуниорскиот евросонг борејќи се за планетата Земја, а спремаме и голем спектакуларен концерт на 27ми мај“. Концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на 27 мај на стадионот на „АРМ“ во Скопје во организација на „Авалон продукција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…

Инфомакс ексклузивно дознава: Ферус Мустафов, Елена Ристеска,…

Скопјани оваа година ќе уживаат во богата…

Дајте музика со две златни бубамари и…

Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски…

(Видео) 90000 денари за скапи пијалоци: Што…

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска објавија податоци за…