(Видео) 90000 денари за скапи пијалоци: Што пиел Петре Шилегов на забавите организирани од парите на скопјани?

t

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска објавија податоци за трошоци кои Шилегов ги правел во време на неговиот мандат, а се однесува пред се на средства потрошени во кафани и на скапи пијалоци.

Ова е текстот од прес конференцијата:

“Почитувани граѓани,

Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години.

Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.
Дополнително, одговорната администрација во Град Скопје при секторот за Финансии за оваа фактура се обидела да се спротивстави и да укаже дека е спротивно на Закон да се доставува фактура за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Односно, во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ.
Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација.

Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафана потрошиле 6 минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.

Од фискалната сметка се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал.

Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција.

Внимавајте само за една порција Шилегов потрошил 1/5 од минималната плата на голем број работници низ државата. Тоа се пари со кои голем број на граѓани треба да живеат неколку дена, а Шилегов од градскиот буџет ги троши за едно јадење.
Почитувани,
Ова се причините за нервозата во СДСМ, кај Љубица Јанчева, Петре Шилегов, и другите поранешни градоначалници и локални функционери кои не можат повеќе да ги злоупотребуваат привилегиите на нивната функција.
СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што им е нарушен комодитетот и луксузот.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…

Инфомакс ексклузивно дознава: Ферус Мустафов, Елена Ристеска,…

Скопјани оваа година ќе уживаат во богата…

Дајте музика со две златни бубамари и…

Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски…

(Видео) 90000 денари за скапи пијалоци: Што…

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска објавија податоци за…

Командирот славел за купување на противпожарна скала:…

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ…