Да ги научат “децата” како да се однесуваат: Пратениците ќе одат на обука за етичко однесување

t

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница усвои курикулум за обука за примена на Етичкиот кодекс на пратениците, во согласност со барањата содржани во Извештајот на ГРЕКО, односно четвртиот круг на евалуација на тема: „Превенција на корупција кај членовите на Парламентот, судиите и обвинителите“.

Врз основа на овој документ, пратениците на еднодневна работилница треба да се стекнат со практични знаења, меѓудругото, за нивно очекувано однесување и постапување, спречување на корупција, судир на интереси, отчетност и транспаретност, употреба на јавни средства и фондови, како и за механизмите за негова примена и следење на спроведувањето. Потоа треба да се запознаат со позитивните меѓународни практики на примена на кодексите за пратениците и механизмите за следење на спроведувањето, како и да препознаат како се гради интегритетот на Собранието и на пратениците и колку е важно да се воспостават и почитуваат стандарди на однесувањето и постапувањето на носителите на јавни функции.

Во курикулумот се предвидени квиз и вежби од кои едната е студија на случај, а другите прашања за морални дилеми односно судир на интереси, примање подароци, дискриминација/вознемирување, за користење на јавните средства и рационално користење на ресурсите. Последната вежба е за етичките сценарија.

Воведната обука за примена на Етичкиот кодекс за пратениците во Собранието е подготвена од Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на ПСП програмата.

Комисијата, чиј претседател е пратеникот Панчо Минов денеска утврди заклучоци како одговор на барањата кои се однесуваа на пратениците. Освен за Кодексот за етичко однесување, во извештајот на ГРЕКО има забелешки во делот на лобирање кон пратеници и во делот на доследна примена на Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Минов кажа дека во меѓувреме е донесен Закон за лобирање, како и дека во текот на 2022 година, ДКСК вршејќи ја редовната проверка на поднесените изјави за интереси од избрани и именувани лица не утврди прекршување на одредбите од Законот за спречување корупција и судир на интереси за пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Гаши: Граѓаните се незадоволни од политичката култура…

Граѓаните не се задоволни со нивото на…

Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…

Се одржува седница на Собранието на град…

Урнебесно видео: Црвена младина собира донации за…

Подмладокот на политичката партија Левица на Фејсбук…

10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…

Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…