Да го смениме Уставот не за нас, туку за иднината, вели Џафери
Доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, во интервју за МТВ.
„Идејата е да се заврши со оптималното решение, да се внесат во Уставот и да продолжиме понатаму, не заради нас како политичка гарнитура во моментов што раководиме, туку за иднината“, вели Џафери.
За тоа што ќе се случи со земјата доколку не се донесат измените со кои Бугарите ќе се внесат во Уставот, не треба да се бараат туѓи искуства, бидејќи имаме свое искуство, вели Џафери и го посочува Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и она што се случуваше со земјата потоа. Во 2008 на Самитот во Букурешт на НАТО, Македонија иако очекуваше не стана земја членка на Алијансата.
Уставните измени влегоа во собраниска процедура, откако на 18 јули поминаа на владина седница.
Пратениците на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ иако се противат на измените, ќе учествуваат во собраниската Комисија за уставни прашања, што Џафери ја закажа за вторник 25 јули. Тие ќе учествуваат во дебатата за да ги кажат аргументите против уставните измени, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…
Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…
(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…
На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…
Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав…
Погубна е реториката „народот на Македонија" наместо…
(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…