Да го смениме Уставот не за нас, туку за иднината, вели Џафери

t

Доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, во интервју за МТВ.

„Идејата е да се заврши со оптималното решение, да се внесат во Уставот и да продолжиме понатаму, не заради нас како политичка гарнитура во моментов што раководиме, туку за иднината“, вели Џафери.

За тоа што ќе се случи со земјата доколку не се донесат измените со кои Бугарите ќе се внесат во Уставот, не треба да се бараат туѓи искуства, бидејќи имаме свое искуство, вели Џафери и го посочува Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и она што се случуваше со земјата потоа. Во 2008 на Самитот во Букурешт на НАТО, Македонија иако очекуваше не стана земја членка на Алијансата.

Уставните измени влегоа во собраниска процедура, откако на 18 јули поминаа на владина седница.
Пратениците на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ иако се противат на измените, ќе учествуваат во собраниската Комисија за уставни прашања, што Џафери ја закажа за вторник 25 јули. Тие ќе учествуваат во дебатата за да ги кажат аргументите против уставните измени, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…

Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…

Радев: Македонија треба само да ги впише…

Единственото нешто што треба да го направи…

Филков: Обидите да се прикаже законската обврска…

Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си…

Филипче во последно време стана погласен за…

Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го…

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат…