АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да и помогнеме на Јована да ги стигне своите соништа
Огранизацијата Павел Андреев со нов апел за донација за малата Јован.
Јована има пет години. Не може да оди, не може да стои, не може да зборува. Наместо да си игра и да трча со врсниците, таа ги гледа од страна. Како што минува времето, се повеќе станува вознемирена – гледа што прават другите деца, а знае дека таа не може. Тоа боли повеќе од се.
Јована е родена е предвреме, во 32-та недела, и деновите што требаше да ги помине во стомакот на мајка и, таа ги исполни во инкубатор. Кога конечно ја пуштија од болница, очекувавме барем едно стручнo око да ја прегледа – но никој не најде време. Ни велеа дека е време на корона, дека нема лекари, дека биле во контакт со позитивни лица. Така започна нашата борба – од врата на врата, од одделение во одделение, со надеж дека ќе најдеме некој што ќе ни помогне.
Поминуваа месеци и години. Дури по година и пол ни соопштија дека нашата Јована има попреченост. Ни препорачаа да направиме магнетна резонанца, но секогаш имаше пречки – или немаше анестезиолог, или апаратот не работеше. За тоа време, нашето девојче растеше поинаку од останатите деца.
Нема поголема болка за еден татко отколку да го гледа своето дете како се бори со нешто што не е по нејзина вина. Секој ден е предизвик, секој ден е борба, но и надеж дека со заедничка помош ќе и подариме подобро детство, барем дел од среќата што ја заслужува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Австриските пожарникари донираа опрема во Пехчево…
Доброволното противпожарно друштво Пехчево доби противпожарна опрема…
Живееме од донации: Кина ќе ни испрати…
Министерот за здравство Беким Сали денеска се…
Значајна донација на Кралицата Елизабета за Украина:…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на…
Пак да му аплаудираме на Филипче: Без…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска,…
Пристигна првата пратка од најавените 250.000 Фајзер…
Министерот за здравство, Беким Сали доцна попладнево…