Да не се грижите: Македонскиот пазар е стабилен и снабден, јајца за Велигден ќе има!

По актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.
Како што велат од Стопанската комора на Северна Македонија, како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници.
Во просториите на Комората вчера се одржала работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација, велат од Комората.
Оттаму ги потсетуваат потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не се грижите: Македонскиот пазар е…
По актуелната побарувачка на конзумни јајца во…
Судот во Стразбур: Српската влада да се…
Европскиот суд за човекови права ѝ даде…
Павел Христов – тивок херој кој четирипати…
Павел Христов, роден во 2004 година, е…
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде…
Апасиев поднел барање за утврдување одговорност за…
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев…