Двајца албански државјани обвинети за незаконит риболов во Охридското Езеро
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.
На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик.
Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…
САД ги повика своите државјани итно да…
Стејт департментот ги предупреди Американците да ја…
Индија ги повлекува државјаните од Украина –…
Специјален лет се упати утрово кон Киев,…
Еколошка катастрофа кај Струмица: Езерото Мантово крајно…
Жителите на струмичката котлина со бројни реакции…
Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации…
Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат…