Еколошка катастрофа кај Струмица: Езерото Мантово крајно загадено

t

Жителите на струмичката котлина со бројни реакции на социјалните мрежи за незавидната еколошка состојба во која се наоѓа езерото мантово. Една од објавите ја пренесуваме интегрално:

„ЕЗЕРОТО МАНТОВО ИЛИ НАЈАВА НА ЕДНА СМРТ
На езерото Мантово од пред неколку дена се поставени табли на кои пишува известување дека водите не се за капење и рекреативни активности. Тоа е направено по налог на санитарна и здравствена инспекција која утврдила дека водата во Мантово е 5та категорија што е огромна загаденост земајќи во предвид дека 3та и 4та категорија исто носи забрана за употреба. Можеби наскоро ќе се јави и една друга инспекција која ќе забрани и риболов со образложение дека рибите не се за јадење.

Исто така, една од промените е што водата во езерото позеленува.
Мантово беше езеро кое се користеше за риболов од струмичките и останатите риболовци и многумина од нас од таму имаме јадено риби. Некои од Мантово ловеа и ракови кои претставуваат синоним за чиста вода. Со други зборови, таму каде што има ракови, тоа значи дека водата е чиста. На Мантово има и триесетина викендици, некои од нив имаат поголема вредност.

Зошто наеднаш се дојде до таква енормна загаденост? Поради која причина? Зошто езерото почна да позеленува? Дали тоа има поврзаност со рудникот Боров Дол кој се наоѓа во непосредна близина и кој пред околу две години започна со експлоатација на руда?

Пред да започне со работа Боров Дол, раководството на Бучим кој стопанисува со него, во село Конче имаше средба со жителите. Таму присуствуваа и активисти на Здрава котлина кои на таа средба се обидоа да укажат на последиците од активноста на овој рудник.

Присуствуваа и професори по рударство кои кажуваа дека последици нема да има. Тогашниот градоначалник на Конче кажа пред сите присутни дека иако Боров Дол е блиску, тоа нема да биде проблем и има намера да развива туризам на езерото Мантово.

Неверојатно но вистинито! Тоа е нешто слично како што Еуромакс ни кажува дека може во истовреме да егзистира и рудник и земјоделие. Нашите активисти го предупредија градоначалникот дека не само што нема да има ни Т од туризам туку и она што во моментот го има како атрактивно излетничко место, ќе го снема. Еве сега после две години се видливи проблемите.

Сега веќе после отприлика две години експлоатација на рудникот, езерото почна да позеленува. Најавуваме дека Здрава Котлина ќе бара од официјалните лица јавно да се произнесат за овој проблем.

Се надеваме дека овој случај можеби ќе им ги отвори очите на сите слепци во Струмица и струмичката котлина а пред се во Иловица и Штука затоа што ако ова не им ги отвори, не знаеме што би им ги отворило. Дотолку повеќе што рудникот што се планира над Иловица и Штука, треба да биде еден од најголемите во југоисточна Европа за разлика од Боров Дол кој е од рангот на мал рудник.“ – Пишува во Фејсбук објавата на здружението „Здрава Котлина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту…

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

„Борбата за подобра Македонија никогаш не запира“:…

Градоначалнилчката на Град Скопје и лидер на…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

(Во живо) Поразително: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица има…

Според последните податоци од ажурирањето на членството…