Двајца возачи тешко повредени, излетале со автомобили од пат

Тешко повредени се двајца возачи во две одвоени сообраќајни несреќи откако со возилата излетале од пат.
Околу 20 минути по полноќ, 51 годишниот скопјанец А.Н. излетал со возилото „цитроен берлинго“ од магистралниот пат Охрид – село Подмољје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Втората несреќа се случила вчера околу 21 часот на локалниот пат с.Боговиње-с.Пирок кога автомобил „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.А.(56) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Полициски екипи во двата случаи извршиле увид на местото на несреќите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена и дете прегазени на пешачки премин…
Пред малку на булеварот Партизански одреди во…
Двајца возачи тешко повредени, излетале со автомобили…
Тешко повредени се двајца возачи во две…
Возач од Крушопек удрил 12-годишно девојче на…
39-годишен возач од скопското село Крушопек е…
Нормализиран е сообраќајот на патот Битола-Прилеп
Сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп од 21:45…
Страшна несреќа во Скопје – се судриле…
Страшна несреќа се случила денеска во Скопје.…