Двајца возачи тешко повредени, излетале со автомобили од пат
Тешко повредени се двајца возачи во две одвоени сообраќајни несреќи откако со возилата излетале од пат.
Околу 20 минути по полноќ, 51 годишниот скопјанец А.Н. излетал со возилото „цитроен берлинго“ од магистралниот пат Охрид – село Подмољје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Втората несреќа се случила вчера околу 21 часот на локалниот пат с.Боговиње-с.Пирок кога автомобил „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.А.(56) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Полициски екипи во двата случаи извршиле увид на местото на несреќите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…