Двајца малолетници повредени во две тешки сообраќајни несреќи во Прилеп

t

На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот,  констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…

На старите градски гробишта во Прилеп не…

Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…

Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…

За еден месец, 37 Центри за социјална…

ВИДЕО „Наместо Младински центар, во центарот на…

„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која…