Двајца тетовци повикани во полиција поради коментари на Фејсбук
Тетовската полиција повика на службен разговор еден жител на градот и еден жител на село од околината, кои се заканувале и промовирале омраза и насилство во коментари на Фејсбук, соопшти МВР.
„Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали“, велат од полицијата.
„Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото“, додаваат од МВР.
По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за четири физички и едно правно…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Прегазен 82-годишен маж во Тетово
На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…
Повозрасна битолчанка измамена за 10 илјади евра…
Вчера во 13.45 часот во СВР Битола,…
Претрес во Тетово – пронајдена дрога
На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…
На кратко паднаа Фејсбук и Инстаграм
Корисниците ширум светот пријавуваат проблем со услугите…