Објавено на:

Две активни жариша во штипскиот дел на Серта

t

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две жаришта на планината Серта во штипскиот регион.

Во изјава за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочува дека на терен се и пожарникари неколку соседни општини, Армијата, полицијата и ЈП „Македонски шуми“. Вклучени се и ловџиите, како и здруженијата и оф роуд друштвата, а месното население како логистичка поддршка.

Во текот на вчерашниот ден со помош на градежна механизација на штипските јавни претпријатија и на четири градежни компанија, над селата направени се пресеци, со цел огнот да не се префрли во нивни правец.

Професионалците со заштитни униформи и опрема за гаснење, која тежи и 30 килограми на повеќе од 40 степени од земја се справуваат со огнените стихии. Во штипскиот дел на планината Серта со денови беснеат пожари, оставајќи зад себе пустош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

На планината Серта изгореле 9.000 хектари шума-…

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги соопшти првичните…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

По тринаесет дена пожарот кај Серта е…

Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…