Две години казна затвор за тепачот на Данела Арсовска – командант Барути
Две години казна затвор и продолжување на притворот доби Сулејман Љамалари познат како Командант Барути обвинет дека физички и вербало ја нападнал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска при инцидентот што се случи на 11 јули во скопската населба Чаир, кога Арсовска вршеше увид на терен по пријава за дивоградба.
Пресудата била изречена денеска во Кривичниот суд. Според обвинителниот предлог, Љамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал физички и вербално, при што ѝ нанел телесни повреди и изрекол сериозни закани. Арсовска тврдеше дека обвинетиот бил истото лице што, според нејзини сознанија, и претходно ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи. Таа изјави дека тие закани ги објавила јавно на својот профил и подоцна ги идентификувала како поврзани со обвинетиот. Љамалари познат и како командант Барути кој е поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ на рочиштето на кое се изведуваа докази од страна на одбраната на обвинетиот, рече дека не тој, туку градоначалничката го удрила и го снимала со телефон.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две години казна затвор за тепачот на…
Две години казна затвор и продолжување на…
Трендафилов го подбра Неделков: НЕ ТИ Е…
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,…
Цената на златото повторно достигна историски максимум
Цената на фјучерсите за злато за испорака…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Малолетнички малтретираат и снимаат девојче во Чаир:…
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот…